• петок, 02 август 2024
МИА Најави МКД

2 август 2024 

Пелинце/Прохор Пчински - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова по повод чествувањето на големиот празник 2 Август - Ден на Републиката - Илинден, ќе положи цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ, каде ќе има обраќање. (Пелинце/10:00, пристигнување на  акредитираните медиумски екипи/8:30)

-Претседателката Сиљановска Давкова ќе положи цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчински“ (12:00) каде ќе биде пречекана од страна на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ.

-Претседателката Сиљановска Давкова и претседателот на Република Србија, Вучиќ ќе остварат билатерална средба. (Изјави за медиумите по средбата)

Скопје/Крушево/Смилево  - Делегација од Кабинетот на Претседателот, ќе положи цвеќе пред споменикот на АСНОМ во паркот „Жена-борец“, пред споменикот на Никола Карев пред Собранието и пред споменикот на Методија Андонов - Ченто на плоштад „Македонија“.

-Делегација од Кабинетот на Претседателот ќе положи цвеќе на гробот на Никола Карев, пред споменикот на хероите на месноста „Слива“ и на Мечкин Камен.

- Делегација од Кабинетот на Претседателот ќе положи цвеќе на Могилата на Даме Груев, пред споменикот на смилевските илинденци и на спомен-плочата на партизанскиот одред „Даме Груев“. 

Скопје - Собраниска делегација, предводена од претседателот Африм Гаши, во состав: Марија Петрушевска, Оливер Спасовски и Бобан Карапејовски, ќе положи цвеќе: пред споменикот на Никола Карев, пред Собранието на Република Северна Македонија (9:20)

- Обраќање на Африм Гаши, претседател на Собранието на Република Северна Македонија                  

Скопје/Пелинце/Крушево - Собраниска делегација, во состав: Марија Петрушевска, Оливер Спасовски и Бобан Карапејовски, ќе положи цвеќе на споменикот на Методија Андонов-Ченто, Плоштад „Македонија“ (9:00) и на споменикот на АСНОМ, Парк „Жена борец“ (9:15)

 - Собраниска делегација, предводена од потпретседателката Весна Бендевска, во состав: Емил Спасовски, Љупчо Николовски и Драган Недељковиќ, ќе положи цвеќе во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце. (10:00)

- Собраниска делегација, во состав: Пеце Милевски, Билјана Кузмановска,Тони Јаревски и Митко Трајчулески, ќе положи цвеќе во Крушево: на гробот на Никола Карев, Македониум (8:45) , пред  споменикот на Слива „На хероите на Слива“ (9:45)  и на „Мечкин Камен“ (11:40)     

Крушево - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски по повод чествувањето на големиот празник 2 Август - Ден на Републиката - Илинден, ќе положи цвеќе на гробот на Никола Карев (8:45), на хероите на споменикот Слива (9:45) и на Мечкин Камен (11:40), по што ќе има обраќање пред присутните граѓани и гости. (13:30)

Скопје - По повод 2 Август - Илинден, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, придружуван од пратеничката Даниела Николова и претседателот на општинската организација на СДСМ и градоначалник на Центар, Горан Герасимовски, ќе оддаде почит и ќе положи цвеќе пред споменикот на Методија Андонов Ченто на плоштадот „Македонија“, пред споменикот на АСНОМ во паркот Жена Борец, пред споменикот на Никола Карев пред Собранието. (Изјава за медиумите пред зградата на Собранието/9:45)

Штип - Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, по повод одбележувањето на Денот на Републиката и годишнините од  Илинденското востание и одржуването на ACHOM, ќе положи цвеќе на Споменик на Алејата на народните херои (9:00), Спомен релјеф на Гоце Делчев во Ново Село (9:15) и Споменик на загинатите борци  во село Долани (20:00)

Тетово - Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами, ќе ја пушти во употреба  реконструираната улица во с.Порој. (изјава за медиумите во центарот на село Порој/18:00)

Охрид - Предавање на проф. д-р Владо Поповски по повод одбележување 80 години АСНОМ. (Куќата на Уранија-МАНУ/12:00)

Битола - 53. Семакедонска средба Трново 2024! (село Трново, во дворот на црквата “Успение на Пресвета Богородица“/10:30)

Струга - Отворање на изложбата „Ретроспектива“ на Даме Затуровски. (Центар за култура „Браќа Миладиновци“, фоаје/20:30)

________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 



Остани поврзан