• вторник, 21 април 2026

Во Белград одржан концерт за пијано и саксофон на Маја Поповиќ и Нинослав Димов

Во Белград одржан концерт за пијано и саксофон на Маја Поповиќ и Нинослав Димов

Белград, 21 април 2026 (МИА) -   Во Културниот центар Белград, синоќа се одржа концерт за пијано и саксофон, во изведба на Маја Поповиќ и Нинослав Димов што беше проследен со долги аплаузи.

На програмата, освен француски и шпански композиции, беа изведени и три композиции за пијано и саксофон од Димитрије Бужаровски. 

Со висок професионализам и внимателно одбрана атрактивна програма, Димов и Поповиќ успеаја да ги освојат срцата на белградската публика.

Македонскиот Културно-информативен центар во Белград, беше организатор на тој музички настан, поддржан од Министерството за култура и туризам, со што се продолжува да се градат партнерски односи со познати културни инститиции.
Директорот Васко Шутаров го отвори тој музички настан. зш/са/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан