• вторник, 21 април 2026

Пренџов: Јавните расправи се потврдија како суштински механизми за унапредување на законските решенија, обезбедувајќи инклузивност и експертски придонес

Пренџов: Јавните расправи се потврдија како суштински механизми за унапредување на законските решенија, обезбедувајќи инклузивност и експертски придонес

21 април 2026

Ова моја денешна прес - конференција е во врска со вчерашната Комисија одржувањето на амандманската расправа во врска со законот за Совет за јавни обвинители. Мене ми е драго што, Собранието е едно следно ниво на демократија во овој парламентарен состав, а тука пред се предници Комисијата за политички систем, истакнува во изјава за медиуми – Љупчо Пренџов, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА ја пренесува интегрално.

Затоа што покажуваме дека кога се работи за правото, за правдата, кога се работи за некои клучни работи, не можеме да се делиме во континуитет на власт и на опозиција, и дека кога станува збор за реформските закони, политичките разлики се ставаат во втор план, а интересите на граѓаните се оние кои што преовладуваат. Тоа така треба да биде секогаш. Во врска со ова, сакам да истакнам дека јавните расправи уште еднаш се потврдија како суштински механизми за унапредување на законските решенија, обезбедувајќи инклузивност и експертски придонес.

Доказ за тоа се бројните амандмани кои произлегуваат токму од конструктивните предлози на стручната и на академската јавност, и сакам да искористам ова прилика да им се заблагодарам. За тоа што вклучувањето на академската и на стручната јавност придонесува за поголема прецизност и применливост на законските решенија во пракса. Најголем дел од амандманите беа усвоени едногласно, што претставува јасен сигнал за постоење на широка политичка согласност кога станува збор за клучните реформски прашања и за заедничката одговорност која што како пратеници имаме кон граѓаните на Република Македонија.

Прифативме амандмани со кои што се овозможува поактивна улога на Советот на јавните обвинители во текот на надзорот и можност истиот да иницира самостојно надзор. Амандмани во делот каде што се регулираат и се решава судирот меѓу надлежностите, помеѓу државниот јавен обвинител и Советот на јавни обвинители. Потоа ја проширивме листата на лица која може да даваат препораки за кандидати за членови на Советот со цел за зајакнување на транспарентноста, инклузивноста и довербата во процесот на избор на членовите на оваа многу важна и витална институција.

Понатаму, овозможивме и одлука за изборот на обвинител да биде индивидуализирана, споредлива, со тоа се зајакнуваат и одлуките на Советот и се штитат од сигурност во процесот на донесување на тие одлуки. Понатаму дозволивме амандмани за вклучување на статистички податоци за застапеноста на заедниците, родовата, регионалната застапеност на јавните обвинители, со анализа на остварениот напредок или евентуалните диспаритети во применувањето на тие основни принципи. И многу важна амандманска интервенција беше предвидување на рок во кој Советот на јавните обвинители мора да постапи во случаите за разрешување и обврска за усно образложение на одлуката за тоа разрешување на потенцијален јавен обвинител.

Ваквиот инклузивен и транспарентен процес ќе продолжи и во иднина, особено при разгледување на останатите законски решенија од реформската агенда, со цел да обезбедиме континуитет во напредување на законодавството и зајакнување на нашите институции на системот. Овој пристап ја зголемува довербата на граѓаните во Законодавниот дом и испраќа порака дека нивните интереси се во центарот на сите овие процеси.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан