• четврток, 07 ноември 2024
МИА Најави МКД (ДПЛ)

5 ноември 2024

Скопје – Процес на самооценка според Заедничката рамка за проценка (ЦАФ) на Собрание на Република Северна Македонија. (Парламентарен институт/ 9:30)

Скопје – Амбасадорот на Црна Гора, Зоран Миљаниќ на средба со координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски (Собрание, струшка сала/10:00) и со координаторот на пратеничката група на Движењето ЗНАМ, Бобан Карапејовски. (струшка сала/ 11:00)

Скопје – Конференција „НАТО – 75 години единство, соработка и колективна одбрана: Безбедносни предизвици за Европа“ на која ќе учествуваат министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, како и амбасадорите на САД и на СР Германија, Анѓела П. Агелер и Петра Дрекслер. (голем амфитеатар на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија/10:00)

Скопје – Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе се обрати на конференција на високо ниво за соработка меѓу Полицијата и Царината за мало и лесно оружје и за криумчарење мигранти во Југоисточна Европа во организација на ОБСЕ. (х. „Александар Палас“/10:00)

Скопје – Министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030, Шабан Салиу по повод Меѓународниот ден на ромскиот јазик ќе даде изјава за медиуми. (во холот пред Медија центарот во Владата/ 10:50)

Скопје – Конференција за развој на креативен туризам во Македонија на која воведно излагање ќе има министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. (Public room/ 10:00 – 14:00)

Скопје – Прес-конференција на Видеолотарија Касинос Австрија на која ќе биде потпишан меморандум за соработка во дејноста спорт. (Премиум центарот на „Мерцедес“, бул. „Киро Глигоров“ 2/ 10:30, изјави за медиуми/10:40)

Скопје - Прес конференција на ДУИ. (седиште на партијата во Чаир / 12:00)

Скопје – Прослава по повод 70-години постоење на Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ – Скопје. (Македонски народен театар/ 12:00)

Скопје – Меѓународна конференција е-Општество.мк, со која едновремено се прославува и 20-годишнината од основањето на Фондацијата Метаморфозис. (х. „Мериот“/ 10:00)

Кочани – Едукативна работилница за родители на „Макпетрол“ против врсничко насилство. (Младинска канцеларија МКЦ – Кочани/ 18:00)

Скопје – Промоција на книгата „Антидискриминациско право“ - коавторски труд на проф. д-р Лазар Јовевски, д-р Жанета Попоска и д-р Јулиус Ростас. (библиотека на Правен факултет „Јустинијан Први“/ 13:00)

Благоевград – Македонскиот народен театар со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, ќе учествува на Третиот Балкански театарски фестивал во Благоевград.

Скопје – 25-то издание на Есенски музички свечености со Суитата МАКЕДОНИКУМ. (Музеј на македонската борба/ 20:30)

Скопје – Отворање на изложбата „Ангел на Фреквенцијата“ на Дафина Шекутковска. (Центар за современи уметности – Мобилна галерија, Парк на франкофонија/ 20:00)

Скопје - Четврто предавање од циклусот АЛУМНИ. Предавач е д-р Виктор Илиевски, кој ќе зборува на тема „Платоновата теодикеја и проблемот на материјата“. (Филозофски факултет, слушална 8 / 13:00)

 

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан