• понеделник, 26 август 2024

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)

7 април 2024 

Скопје - Отворање на 4-то издание на Фестивалот на грчки филм со филмот „Не би сакал да сум непристоен, но треба сериозно да разговараме“ на Јоргос Георгопулос во организација на Амбасадата на Хеленската република во Скопје и МФФ Киненова. (Кинотека на Северна Македонија/20:00)

Скопје - Промоција на „Мојот сон“, автобиографија на Џемиле Берат. (КСП Центар-Јадро/12:00)

Скопје - 12. издание на „Авицена Женска Трка“ во организација на Сојуз на Спортови на Скопје. (Булевар „Илинден“, во близина на фонтана „Лотос“/10:00)

Скопје - Прес-конференција на претседателот на Здружението на лица со попреченост „СОС ВИТА“, Ертан Шакир по повод традиционален ифтар. (18:40)

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024

Дебрца/Вевчани/Струга/Охрид - Кандидатот за претседател од СДСМ, Стево Пендаровски ќе биде меѓу граѓаните на Дебрца (16:00), Вевчани (17:30) Струга (18:30) и централен настан во Охрид (20:00).

Зрновци/Виница/Кочани - Кандидатот за претседател од  ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова ќе ја презентира програмата во Зрновци Виница. Кочани. (17:00/18:30/20:30)

Скопје – Кандидатот за претседател на државата од Европскиот фронт, Бујар Османи, ќе одржи прес-конференција на тема: Формирање на Меѓународен борд за сертифицирање на сите носители на јавни функции. (пред Влада/11:30)

Скопје/Тетово - Билјана Ванковска, кандидат за претседател од Левица денес ја продолжува претседателската кампања со средби со граѓани во Ѓорче Петров – Волково каде ќе биде отворена и нова канцеларија на Левица (17:30) и во Тетово, во Музејот на тетовскиот крај (19:30) каде ќе ја претстави својата програма.

Тетово - Кандидатот за претседател на коалицијата ВРЕДИ, д-р Арбен Таравари, ќе оствари средба со лекарите во кафеана „Гарден“ во Тетово (13:00), а придружувани од претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, ќе имаат заедничка активност во Попова шапка. (14:00)

Вевчани/Струга/Охрид -  Кандидатот на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија, Максим Димитриевски ќе ја презентира програмата под наслов „Манифест за Македонија“. (Вевчани/11:00, Струга/12:30, изјава на кандидатот за претседател, Максим  Димитриевски/14:00, Охрид/17:00, средби со граѓани на Плоштадот Мини-маркет/18:00, централниот митинг /18:10)

Скопје - Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, ќе се сретне со граѓаните на општина Центар а потоа ќе даде изјава за медиумите. (Изјава за медиумите пред влезот на  Општина Центар, промотивен штанд на СДСМ и Коалицијата/11:45)

Скопје - Дискусија со млади студенти од сферата на здравството насловена „Иднината на медицината во рацете на младината и изјава за медиуми на Милена Стевановиќ. (Промотивна канцеларија на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, https://maps.app.goo.gl/UoKrxpKJgsXbiwhUA?g_st=iw, изјава за медиуми на Милена Стевановиќ, кандидатка за пратеничка од листата на  Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ пред почеток на настанот/10:30)

Кочани/Битола/Старо Нагориачен - Изјави за медиуми по повод претседателската кампања „Македонија повторно горда“ ќе дадат Драган Ковачки  (пред Изборен штаб - Градски трговски центар во Општина Кочани/9:45), Ѓорѓија Сајкоски (кај Офицерски дом - Битола/11:00) и Владо Мисајловски во Старо Нагоричане (13:30).

_________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан