• сабота, 23 ноември 2024

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)

22 октомври 2024

Скопје – Три последователни седници на Собранието на Република Северна Македонија. (сала „Македонија“/ 11:00, 11:15 и 11:30)

Истанбул - Министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски денеска и утре ќе ја предводат македонската делегација на 4. меѓународен саем за одбрана - SAHA EXPO 2024, кој се одржува во Истанбул, Турција.

Солун – Вицепремиерот и министер за транспорт и врски на Република Северна Македонија, Александар Николоски ќе учествува на Форумот за поврзување на Југоисточна Европа II. (х. „Македонија Палас“ / 12:00)

Скопје – Министерот за здравство, Арбен Таравари ќе ја посети  Клиниката за онкологија и ќе присуствува на прес-конференција со претставници од Здружението посветено на пациенти со рак и нивни негуватели Хема-онко. (10:30)

Скопје – Агенцијата за остварување на правата на заедниците во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе  одржи  Партиципативен форум на тема: „Анализа за функционалноста, ефективноста и постигнувањата на Партиципативниот форум“. (х. „Арка“/ 9:30, изјава на Далибор Китановиќ, директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците/ 10:30)

Скопје – Работилница со УНЕЦЕ за циркуларна економија, во врска со значајноста на концептот циркуларна економија во организација на Министерството за економија и труд, заедно со УНЕЦЕ и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. (х. „Александар Палас“/ 9:00)

Скопје - Прес-конференција на пратеничката од СДСМ Јована Тренчевска, пратеничка на СДСМ. (Прес-центар на Собранието на РСМ/ 11:00)

Скопје – Прес конференција на пратеникот од Левица, Сашко Јанчев. (Прес-центар на Собранието на РСМ/ 10:45)

Скопје – Прес-конференција на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија. (во просториите на СОНК, на ул. „Маџир Маало“ бр. 36/ 12:30)

Скопје – Прес-конференција на ЗНМ. (Клуб на новинари/ 12:00)

Скопје - Прес конференција на претседателството на Проектот „Стоп на политичкиот прогон“. (Универзитет „Скопје“, голема сала/13:30)

Скопје – Свечено отворање на Тркалезната маса: „Словенечкиот и македонскиот јазик, литература и култура меѓу Скопје и Љубљана“ по повод одбележување на 65 години од изучувањето на словенечкиот јазик на Филолошкиот факултет. (Филолошки факултет „Блаже Конески“, во Салата за седници/ 12:00)

Штип – Фолклорот – наша идентитетска приказна со Иван Котев, собира и фолклорист и проф. д-р Горанчо Ангелов, Музичка академија УГД – Штип. (Тренинг центар, УГД – Штип/ 12:00)

Охрид – Промоција на двотомната книга „За македонистиката отворено“ на Свето Стаменов и проф. д-р Димитар Пандев. (Општина Охрид, во Големата сала/ 12:00) 

Скопје – Отворање на „Водени предели: Импресии од патувања и култури“ - изложба на акварели од Симонида Филиповa и Ари де Гоеш. (КИЦ, Продажен салон/ 20:00)

Скопје – Златна лира 2024: Концерт на Елена Атанасовска Ивановска – пијано. (Музеј на македонската борба/ 20:00)

Белград – Промоција на српското издание на романот „Вештица“ од Венко Андоновски. (на Белградскиот саем на книгата, во салата „Васко Попа“/ 14:00)

Загреб – Проф. д-р Ратомир Гроздановски ќе одржи неколку предавања  пред студентите и професорите на Факултетот за филозофија и религиски науки, а централното вечерно предавање - Мудроста и Премудроста Божја според свети апостол Павле ќе се одржи во Католичкиот богословски факултет во 17 часот. 

Скопје – Прес-конференцијата на Атлетската федерација на Република Македонија, по повод Конвенцијата на Европската Атлетска Асоцијација, која за прв пат ќе се одржи во Скопје. (х. „Хилтон“/ 11:00)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини*

Остани поврзан