
14 март 2025
Битола - Претседателот на Собранието Африм Гаши во посета на Битола.
-Средба со градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски (12:35)
-Посета на пратеничките канцеларии за контакт со граѓаните, во придружба на градоначалникот и пратеници од Битола. ( ул.„Мирко и Танче Живкови“ бб; Изјава за медиумите по посетата /13:10-13:40)
-Посета на Музејот на албанската азбука. (13:45)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади. (Собрание на РСМ, сала 4/11:00)
Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Собрание на РСМ, сала 6 /12:00)
Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски, министрите за транспорт и за локална самоуправа, Александар Николоски и Златко Перински, во рамки на „Каде што срцето е дома“ ќе ја посетат општина Ѓорче Петров и ќе извршат увид на градежните активности на еден од седумте проекти на Општината. (Во близина на болницата „Санте плус“ /12:30; Предвидено е изјава на премиерот Мицкоски по завршување на настанот)
Скопје - Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски на брифинг со новинари ќе информира за подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците, закажана за 20 март. (Уставен суд, сала за прес-конференции на 4 кат / 10:00; Изјави не се предвидени)
Скопје - Државната изборна комисија ќе одржи јавна седница. (13:00/седницата ќе се емитува и во живо на Јутјуб каналот на ДИК - https://www.youtube.com/@secmk499/streams)
Скопје - Прес-конференција по состанокот на претставници на Европската конфедерација на синдикатите, Регионалниот синдикален совет Солидарност и Сојузот на синдикатите на Македонија. (Работнички дом - Зграда на ССМ, 6 кат /11:30)
Скопје - Онлајн-работилницa „Вовед во дигитална безбедност во контекст на цензура и надзор“ во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права со поддршка од БИРН – Балканска репортерска истражувачка мрежа. (13:30)
Скопје - Прес-конференција за лауреатот на наградата „Роман на годината“ за 2024 година. (Кафе-книжарница „Буква“ /12:00)
Битола - Прес-конференција на НУ Центар за култура-Битола на која ќе биде презентирана програмата за работа и проектите во 2025 година. (Мала сала / 11:00)
Скопје - Отворено предавање на проф. д-р Оливер Јенс Шмит од Виена „Зошто ја изучуваме албанската историја?“. (Универзитет „Мајка Тереза“, амфитеатар B102 /13:00)
Битола - Уметничката група „Три“ организира изложба „Зошто не сега...?“ (Магаза /19:00)
___________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***