• четврток, 15 мај 2025

Променливо облачно со сончеви периоди

Променливо облачно со сончеви периоди

Скопје, 28 април 2025 (МИА) - Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните и јужните делови од земјава ќе има повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 23 степени.

Според прогнозата на УХМР,  времето во следните денови ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер.

-Во вторник и среда утринските температури ќе бидат пониски, а дневните во постепен пораст, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. хс/ев/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан