• четврток, 15 мај 2025
МИА Најава МКД (ДПЛ)

28 април 2025

Скопје -  Средба на претседател на Собранието Африм Гаши со генералниот секретар на ПАБСЕК Асаф Хаџиев. (Сала на Уставна комисија/11:00)

Скопје - Седници на Комисија за прашања на избори и именувања. (Сала 4/12:00/12:30)

Скопје - Прес-конференција на пратеникот Амар Мециновиќ. (Прес-центар/11:00)

Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе присуствува на церемонија по повод примопредавање на должноста ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје на проф. д-р Беким Фетаји. (Аудиториум B102 / 11:00)

Скопје - Прес - конференција на министерот за правда Игор Филков. (Медија центар на Влада/ 12:00)

Скопје - Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши ќе се обрати на одбележувањето „Светскиот ден за здравје и безбедност при работа“. (Едукативен центар М6 во амфитеатарот/11:00)

Скопје - Уставниот суд со поддршка на Делегацијата на ЕУ во Скопје преку Механизамот ИПА III организира Тркалезна маса на тема „Дали ни е потребен закон за Уставен суд“. (Уставен суд/10:00/Пристигнување на медиумите од 9:30 до 9:45)

-Прес-конференција на преседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски. (11:00-11:15)

Скопје - Прес-конференција на генералниот директор на АД МЕПСО Бурим Љатифи. (Медија центар на Влада/10:30)

Скопје - Македонското здружение за заштита при работа по повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа ќе го презентира Годишниот извештај (2024) за случени несреќи и повреди на работните места и организира садење садници во спомен на загинатите работници на работните места. (Општина Аеродром, во паркот на бул. Србија спроти крстот/13:00)

Скопје - Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија ќе биде домаќин на петтата сесија на Работната група 6 – Антикорупција (Поглавја 5 – јавни набавки, 18 – статистика, 32 – финансиска контрола) во организација на Европското движење. (х. „Панорамика/12:00)

Скопје - Заедничка прес – конференција генерален директор на ТАВ Македонија Неџат Курт и раководител за комуникации во Виз ер Андраш Радо за повторното воведување на авиолинијата Скопје - Барселона, како и новата авиолинија Скопје - Лион. (Бизнис - салон на Меѓународниот Аеродром Скопје/10:00/пристигнување на аеродром во 09:00/Збирно место: Зграда на патнички терминал на Меѓународен Аеродром Скопје, Шалтер за информации)

Скопје - Медиумско дружење и појадок со светски познатиот виолинист Роман Симовиќ и претставниците од институтот „ФЕЈМС“. (FAMES Bistro (Лазар Поп Трајков 22 A, Скопје 1000 ресторан во рамки на институтот ФЕЈМС/10:30)

Скопје - Прес конференција по повод завршениот прв Конкурс за  доделување на награда „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од македонски млад авто. (Драмски театар Скопје/12:00)

Скопје - Предавање ќе одржи Кристоф Тун-Хоенштајн на тема „Регенеративна уметност во зачетокот на вештачката суперинтелигенција“. (МСУ/19:00)

Скопје - Промоција на македонското издание на италијанското книжевно дело „Солзотворец“. (Јуроп хаус/19:00)

Скопје - Изложба и уметничка средба насловена „Никогаш незаљубен". (Француски институт/18:00)


_______________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан