• сабота, 23 ноември 2024

МЗШВ по повод Денот на тутунарите: Со нови мерки за зголемување на производството на тутун

МЗШВ по повод Денот на тутунарите: Со нови мерки за зголемување на производството на тутун

Скопје, 4 април 2024 (МИА) - Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) го честита Денот на тутунарите потенцирајќи ги новите мерки со кои, како што соопштува, годинава се јакне производството на тутун - 6.000 денари за пријавена површина тутун и 12.000 денари за зелена нафта по хектар за секој тутунар

-Ја знаеме и почитуваме маката на тутунопроизводителите, но уште подобро знаеме да се грижиме за тутунарите. Борејќи се за фер откупна цена, која ја цени маката на секој тутунар. Креирајќи конкретни мерки, за стабилно и на долг рок, развиено производство на тутун. Денес тутунарите имаат откупна цена која изнесува 365 денари по килограм предаден тутун, за разлика од 2016 година, кога цената бeше 220 денари, наведува МЗШВ.

Според ресорното Министерство, тутунарите до 2016 година добивале субвенционирање од 60 денари еднакво за сите класи, со сложена процедура и бели картони. Денес, истакнува МЗШВ, субвенционирањето е зголемено и различно за секоја класа, односно 80 денари за прва класа, 70 денари за втора класа и 60 денари за трета класа предаден тутун, а белите картони и сложената процедура стана историја.

- Оваа 2024 година тутунарите за оваа реколта добиваат за 20 денари зголемени субвенции по класа предаден тутун. На располагање имаат нова мерка за поддршка по пријавена површина тутун, во висина од 6.000 денари по хектар. Мерка со која тутунарите стекнуваат право и на мерката за зелена нафта, со поддршка од 12.000 денари, посочува  Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. лв/ев/

Остани поврзан