• сабота, 22 февруари 2025

Меџити: Владата има одлука за трансформација на работниот однос на 1.500 вработени во здравството

Меџити: Владата има одлука за трансформација на работниот однос на 1.500 вработени во здравството

Блаце, 21 февруари 2025 (МИА) - Владата има одлука за трансформирање на работниот однос на 1.500 вработени во здравството, а кои со години работат на договор на дело, истакна дека вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, кој одговараше на новинарско прашање за неговата најава на партиски состанок за вработување на 1.000 Албанци  во администрацијата.

-Вработени од порано и злоупотребени на изборите и има одлука на Владата за трансформирање на нивните решенија на неопределено. Така да истиот пристап ќе биде и во другите институции, изјави Меџити.

Прашан дали имате конкретен договор со коалициските партнери за вакво нешто и дали тоа е согласно проекциите на Владата за вработување во администрацијата, Меџити со речиси идентичен одговор, односно дека овие луѓе се потребни на здравството и, како што рече, некој со нив си играл во минатото.

-Значи има одлука на Владата и нема да играме со луѓето, како што играа во минатото и да ги искористиме за избори. Потребни се во здравството и тие треба да бидат постабилни и да имаат решенија на неопределено и да се посветат на подобро здравство, вели Меџити.

На изјавата на вицепремиерот на партиски настан денеска реагираше министерот за јавна администрација Горан Минчев, за кој изјавата на Меџити е класичен пример на предизборен популизам, без никаква правна или институционална основа.

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев денеска се обратил на иницијалниот состанок на Координативното тело за управување со квалитет, каде што учествувале претставници од SIGMA, Евр

-Оттука, би го замолил г-динот Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата, ветувајќи нешто што ниту е реално, ниту е возможно без кршење на законските процедури и принципите на доброто управување. Јасно и недвосмислено потенцирам дека сите вработувања во јавниот сектор во моментов се одвиваат исклучиво според потребите на институциите, врз основа на претходно добиени согласности од релевантните институции и во согласност со Законот за вработени во јавниот сектор и Законот за административни службеници. Секое вработување се заснова на принципите на компетентност, стручност и професионална подготвеност на кандидатите, а не на партиски ветувања или политички притисоци, вели Минчев.

Тој истакна дека министерството за јавна администрација е цврсто посветено на почитувањето на мерит системот, што значи дека вработувањата и унапредувањата во јавниот сектор мора да се темелат исклучиво на квалитетот и способностите на кандидатите, а не на нивната етничка или политичка припадност.

-Јавниот сектор не е предизборен пазар каде што се раздаваат работни места во замена за политичка поддршка. Граѓаните на Република Македонија заслужуваат институции кои работат професионално и транспарентно, а не администрација изградена врз база на популистички ветувања, додаде Минчев. вдј/ац/

Фото: МИА

Остани поврзан