• сабота, 23 ноември 2024

Меѓународна конференција и проект „Prehistory in the Balkans“

Меѓународна конференција и проект „Prehistory in the Balkans“
Охрид, 25 ноември 2022 (МИА) - Во рамки на меѓународниот проект Common Cultural Heritage, денеска во Охрид ќе се одржи осмото издание на традиционалната конференција посветена на балканската предисторија „Prehistory in the Balkans“. Конференцијата е финалниот настан од проектот на Центарот за истражување на предисторијата од Скопје, Институтот за археологија од Тирана и Филозофскиот факултет од Белград и претставува прва заедничка соработка меѓу македонски, албански и српски археолози. - Во рамки на проектот стручњаци и студенти работеа заедно на неолитските локалитети Влахо во Македонија, Поградец во Албанија и Винча во Србија, каде што освен усовршувањето на методите на истражување ги следеа и предисториските врски меѓу заедниците кои живееле на овие простори пред повеќе илјади години, соопштија организаторите на настанот. Координаторите на овој проект ќе ја реализираат конференцијата „Prehistory in the Balkans: Common Cultural Heritage“, на која студенти и стручњаци ќе ги презентираат стекнатите сознанија за време на работилниците и воедно ќе приложат нови перспективи за предисторијата во Србија, Албанија и Македонија. Во рамки на проектот е подготвена и брошура и промотивен материјал во кој се сумираат резултатите од соработката меѓу македонските, албанските и српските археолози. Тие ќе бидат достапни на веб-сајтот на Центарот за истражување на предисторијата по одржувањето на конференцијата. Проектот 'Common Cultural Heritage: interregional research and prehistoric dialogues' е финансиски подржан од Фондот на Западен Балкан и Европската Унија во состав на Joint Regional Grant Scheme, како дел од програмата IPA (Instrument for Pre-Accession). цр/сс  

Остани поврзан