• четврток, 01 август 2024

Мециновиќ од ПП Левица оствари средба со УСС-УКИМ

Мециновиќ од ПП Левица оствари средба со УСС-УКИМ

Скопје, 31 јули 2024

 

По информацијата за само 2 583 студентски легла на располагање за оваа академска година во студентските домови во Скопје, пратеникот од Левица, Амар МЕЦИНОВИЌ, во Собранието на РМ оствари средба со претставници на Универзитетското студентско собрание при УКИМ.Мециновиќ како член на Комисијата за образование, наука и спорт и млад пратеник, со претставниците на УСС дојдоа до заклучок за потребата од итни и суштински мерки со цел надминување на критичната состојба која им претстои на студентите - апликанти за легло во студентските домови во Скопје.

За таа цел, Левица повторно ќе предложи закон за регулација на кириите, односно дефинирање на горна граница на истите. Со овој чекор ќе се санира општествената димензија на проблемот кој ги тангира младите и студентите.

Дополнително, на средбата пратеникот и студентите одлучија да се иницира Анкетна расправа за состојбата со домовите изминатите години, а на која директорите и функционерите би дале отчет пред пратениците и студентите.

Пратеникот Мециновиќ ја искажа подготвеноста и отвореноста на Левица за преточување во законска материја на секоја идеја која студентските собранија ја имаат за санирање на проблемот.

Помладокот на Левица, Црвена младина, како и досега, ќе продолжи да ги следи условите и да се бори за повисок студентски стандард, хумани услови во студентските домови и достоинствени и непречени услови за образование.

Со почит,
Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица

Фото: ПП Левица

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан