• сабота, 28 декември 2024

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот

Скопје, 1 август 2024 (МИА) - Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжува амандманската расправа по релабансот на Буџетот за 2024 година. 

Поднесени се 58 амадмани, а во изминатите денови поминати, но неприфатени се 20-тина амандмани. 

Според очекувањата на владејачкото мнозинство, ребалансот треба да биде усвоен во втората недела од август. 

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во експозето на почетокот на расправата за ребалансот на Буџетот посочи дека тој е скроен согласно затекнатите состојби во Буџетот и дека се обезбедени средства за се она што треба да се исплати согласно закон.

За пратениците од парламентарното мнозинство, ребалансот е за спас на државата затоа што средствата во Буџетот биле планирани само за првите шест месеци од годината и фалат пари за обврски што треба да се исплатат од страна на државата, додека оценката на опозицијата е дека ребалансот е скроен за да ги задоволи коалициските договарања и не се работи за никакво штедење затоа што од Буџетот треба да се исплатат најмалку 12 нови функционери од четирите нови министерства. бак/нд/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан