• среда, 21 август 2024

Меси не беше повикан за квалификациите за СП во 2026 година

Меси не беше повикан за квалификациите за СП во 2026 година

Буено Аирес, 19 август 2024 (МИА)  - Прес-службата на Аргентинската фудбалска федерација го објави конечниот список за квалификациските натпревари за СП 2026.

На овој список не се најде напаѓачот Лионел Меси. Вкупно 28 играчи беа повикани од Лионел Скалони.

Натпреварите се на 6 и 10 септември, a Аргентина ќе игра против Чиле и Колумбија.

Во квалификациската група по шест кола води Аргентина со 15 бода. дс

Фото: Архива

Остани поврзан