• сабота, 23 ноември 2024

Бешлиовска: Медицинските сестри не заминуваат само во странство, туку и се откажуваат од професијата

Бешлиовска: Медицинските сестри не заминуваат само во странство, туку и се откажуваат од професијата

Скопје, 17 октомври 2023 (МИА) - Медицинските сестри масовно заминуваат од државните болници во приватните, но и во странство, а има и такви кои заминуваат од професијата, алармираа денеска од Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки „За нас“.

- Заминуваат и сестри кои се повозрасни, со повеќе работен стаж, а тоа што нас најмногу не загрижува е тоа што не заминуваат само во приватниот сектор или во странство, туку заминуваат од професијата, одат да работат нешто друго, истакна претседателката на Здружението Гордана Бешлиовска на прес-конференција.

Таа потенцираше дека бараат стратегија за медицинските сестри, да се признаe нивното образование, како и да се инвестира во нивното образование и едукација.

 - Сестрите не се само бројки и коефициенти, тие не се само преточени во барања за плата. Нас ни фали приоритет, внимание, инволвирање во здравствените политики, ни требаат можности за да кажеме што е потребно за нас, рече Бешлиовска.

Таа истакна дека во болниците има сетри со завршено средно образование кои имаат неверојатни вештини и знаења и апелираше да се врати нивниот авторитет бидејќи, како што рече, тие се оние кои треба да ги едуцираат младите сестри.

Бешлиовска се осврна и на Вториот конгрес на медицински сестри што се одржа од 13 до 15 октомври во Струга на кој, како што рече, бил поканет и министерот за здравство, кој бил оправдано отсутен поради деловно патување. сан/бак/

 

Фото: МИА

 

Остани поврзан