
Скопје, 21 февруари 2025 (МИА) - На 20.02.2025 во 17.50 часот во Куманово, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Т.(37) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, семки од растението канабис и дигитална вага. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 20.02.2025 во 23.05 часот пред наплатна рампа Тетово на автопатот Тетово – Гостивар, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово ги лишиле од слобода М.Ф.(20) и малолетник, двајцата од с. Урвич, тетовско. При преглед кај нив и во патничкото возило „фолксваген поло" со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Ф., а малолетникот бил сопатник, кај малолетникот била пронајдена и одземена марихуана, додека кај М.Ф. бил пронајден нож. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветен поднесок.
На 20.02.2025 во 23.15 часот на кружен тек од улица „Маршал Тито" со улица „Видое Смилевски Бато" во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Е.И.(32) од Тетово и А.А.(20) од с.Лисец, тетовско, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 20.02.2025 во 12.00 часот кај место викано „Миратовачки пат“ во с.Лојане, општина Липково, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север и од Мобилната единица компезаторни мерки при Бирото за јавна безбедност го лишиле од слобода Џ.С.(32 ) од Гевглија, кој бил баран поради бегство од казнено – поправната установа Затвор Гевгелија, каде што издржувал затворска казна. При преглед во возилото „фолксваген голф“ со српски национални ознаки, во кое се превезувал, тој на увид на полициски службеници им дал бугарски документи за идентификација, за кои подоцна било констатирано дека се фалсификувани. Исто така, по дополнителни проверки, било утврдено дека тој бил во бегство од затворот во Гевгелија. Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната.
На 20.02.2025 во 22.50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Т.(49) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 20.02.2025 во 19.35 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода П.Б.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 20.02.2025 во 18.10 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.С.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 20.02.2025 во 14.20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 17-годишник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 20.02.2025 во 20.40 часот во с.Трубарево, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.К.(20) од с.Идризово, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 20.02.2025 во 19.20 часот на наплатна станица Сопот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода М.Л.(56) од Велес. При контрола кај него и во такси возило, во кое се превезувал, биле пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 20.02.2025 во 18.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Д.П.(48) од с.Горно Оризари, скопско, пријавил дека на пазарот во Ѓорче Петров бил каснат од куче скитник.
На 20.02.2025 во 21.30 часот во Полициската станица Карпош, И.Т.(50) од Скопје пријавил дека на ул.„Никола Парапунов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 20.02.2025 во 20.40 часот во Полициската станица Чаир, И.Б.(39) од Скопје пријавил дека на ул.„Скоевска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Фото: МИА архива