• понеделник, 13 јануари 2025

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 18 ноември 2024 (МИА) - На 17.11.2024 во 12.50 часот, полициски службеници  од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес го лишиле од слобода К.Р.(54) од Велес.

При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, соопштија денеска од МВР, биле пронајдени и одземени  кафеава прашкаста материја, пиротехнички средства и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. К.Р. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 17.11.2024 во 21.30 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип било пријавено дека кај осуденото лице Е.А.(21) од Кочани била  пронајдена прашкаста материја и други предмети. Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип излегле на местото, при што пронашле и одзеле прашкаста материја и повеќе таблети. Пронајденото било одземено и дадено на вештачење, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 17.11.2024 во 18.30 часот во СВР Битола, од Казнено - поправната установа Затвор Битола било пријавено дека при влез во затвореното одделение била пронајдена бела прашкаста материја, која му припаѓала на затвореникот Д.Е.(23) од Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 17.11.2024 во 17.50 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека на ул.„Светозар Марковиќ“ во Делчево, патничко возило „шкода“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од З.О.(48), удрило во пешакот Т.А.(57), двајцата од Делчево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.

На 17.11.2024 во 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„20“ во с.Сарај, скопско, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(58) од с.Глумово, скопско, удрило во С.С.(51) од с.Сарај. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.С., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Денеска (18.11.2024) во 01.05 часот во Полициската станица Шуто Оризари, П.К.(52) од Скопје пријавил дека на ул.„Јужноморавски бригади“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

Денеска (18.11.2024) во 00.10 часот во Полициската станица Гази Баба, А.М.(18) од село Идризово, скопско, пријавил дека во паркот на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 17.11.2024 во 09.30 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, В.М.(68) од Скопје пријавила дека на ул.„Нов живот“ во Скопје била касната од куче скитник.  цр/

Фото: МИА архива

Остани поврзан