• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 28 февруари 2025 (МИА) - Во тетовското село Долно Палчиште вчера во 16.00 часот полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.М.(18) од с.Горно Палчиште, С.У.(50) од с.Долно Палчиште и Ј.И.(43) од прилепското село Дебреште, постапувајќи по претходна пријава дека организирале борба со кучиња.

МВР денеска соопшти дека за настанот биле известени јавен обвинител и Агенцијата за храна и ветеринарство, кои излегле на местото и кои ги преземале кучињата за понатамошна постапка. Лицата биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во охридското село Велгошти синоќа во 23.50 часот на паркинг простор  полициски службеници од СВР Охрид го привеле В.К.(41) од истото село. При преглед во патничко возило „рено“, во кое бил со С.К.(28) од с.Велгошти,  кај него била пронајдена и одземена марихуана, грендер со остатоци од марихуана и стаклен предмет со семки од канабис. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 27.02.2025 во 19.40 часот на улица ,,146“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода АХ.(44) и И.Х.(46), двајцата од Тетово, затоа што кај нив бил пронајден и одземен хероин. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 27.02.2025 во 19.00 часот на ул.„Козјак” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода С.О.(27), С.Р.(19) и Р.М.(31), сите од Битола, затоа што кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на настанот против нив ќе следува соодветен поднесок.

На 27.02.2025 во 21.30 часот на Средно Водно, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Х.Б.(24) од Република Турција затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 27.02.2025 во 14.00 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.В.(29) од Штип затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 27.02.2025 во 16.30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.А.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 27.02.2025 во 20.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ж.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 27.02.2025 во 16.30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го привеле И.С.(36) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 27.02.2025 околу 13.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ќ.С.(22) од с.Опае, општина Липково, удрило во пешакот Т.Д.(91) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

На 27.02.2025 во 17.15 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга – Дебар, од крстосница за с.Пискупштина кон с.Луково, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Џ.И.(51) од с.Делогожда, струшко и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Н.(47) од Струга. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничката Ф.И.(46) од с.Делогожда, струшко, од возилото „фолксваген голф“, а со телесни повреди се здобила уште една сопатничка од истото возило, И.Л.(73) од с.Делогожда, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид и Медицинскиот Центар во Струга. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Струга.

На 27.02.2025 во 22.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, А.А.(31) од Скопје пријавил дека на ул.„Димо Хаџи Димов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 27.02.2025 во 11.40 часот во Полициската станица Гази Баба, Л.Ш.(77) од Скопје пријавил дека на ул.„Благоја Стефковски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 27.02.2025 во 14.35 часот во Полициската станица Чаир, И.М.(38) од Скопје пријавила дека на ул.„Александар Урдаревски“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 27.02.2025 во 17.00 часот во Полициската станица Чаир, З.Т.(69) од Скопје пријавил дека на бул.„Словенија“ во Скопје бил каснат од куче скитник. цр/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан