• сабота, 23 ноември 2024
МВР Билтен

Скопје, 22 септември 2024 (МИА) - Во СВР Штип вчера бил извршен службен разговор со Б.М.(40) од Штип. Претходно, со судска наредба, во неговиот дом во Штип полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип извршиле претрес, при што биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. По целосно документирање на случајот, против Б.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 23.25 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.М.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Завчера во 00.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.П.(18) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
 
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Р.(25) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 23.08.2024, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

Вчера во 21.20 часот во Скопје, на подрачјето на Аеродром, ополициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ж.(45) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во Скопје, вчера во 22:10 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска во 00.35 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги привеле 20 – годишната Д.О. од Штип и К.А.(33) од с.Марвинци, валандовско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени  грутчеста материја и прашкаста материја. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Битола поднесе кривична пријава против  А.С.(25) и А.А.(20), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 23.04.2024 на ул.„Дабничка“ во Прилеп, полициски службеници кај второпријавениот пронашле и одзеле марихуана која ја купил од првопријавениот.

Вчера во 20.15 часот на ул.„Ванчо Прќе“ во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го привеле М.Б.(30) од с.Иванковци, велешко. При преглед во возилото „форд“ со штипски регистарски ознаки, во кое се превезувал, кај него била пронајдена и одземена марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска во 00.05 часот во Дом на млади во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип лишиле од слобода малолетник од Штип поради сомнение дека е сторител на кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.  При контрола во Домот на млади во Штип, во  негова близина била пронајдена и одземена марихуана.  

Вчера околу 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Македонско косовска бригада“ во Скопје, патничко возило удрило во велосипед, управуван од В.Б.(73) од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото. По несреќата, велосипедистот бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.

Во ОВР Виница вчера во 20:15 часот било пријавено дека на регионален пат Виница – Кочани, патничко возило „сузуки“ со винички регистарски ознаки, управувано од  Т.С.(34) од с.Иљово, делчевско, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците Г.Ц.(46) и В.Ц.(51), двајцата од Виница, додека со телесни повреди се здобиле возачот Т.С. и сопатникот М.С.(53) од Виница, констатирани во болницата во Кочани. Увид на местото  на несреќата извршила екипа од ОВР Виница.    

Вчера во 18.00 часот во Полициската станица Аеродром, В.Т.(57) од Скопје пријавила дека на ул„12 Македонска бригада“ во Скопје била касната од куче скитник.

Во Полициската станица Карпош, вчера во 13:30 часот С.П.(71) од Скопје пријавил дека на ул.„Хасан Приштина“ во Скопје бил каснат од куче скитник. аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан