• вторник, 24 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 7 ноември 2024 (МИА) - На 06.11.2024 во 21.10 и 21.30 часот во близина на с.Костурник, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода И.Н.(32) од с.Крушопек, скопско и Г.П.(50)  од Велес поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. Претходно, околу 19.15 часот во близина на с.Табановце, кумановско, на автопатот „Пријателство“, полициски службеници ги забележале лицата како во патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал И.Н., а Г.П. бил сопатник, сместуваат три женски лица мигранти од Непал. Притоа, тие не застанале на знак за запирање даден од полициските службеници, а откако биле употребени средства за присилно запирање на возилото го напуштиле возилото. Веднаш потоа мигрантите биле пронајдени и биле сместени во Транзитниот центар Табановце, а по преземени мерки биле пронајдени и лишени од слобода и ИН. и Г.П.. Лицата биле задржани во полициска станица и за настанот бил известен надлежен јавен обвинител. По извршени проверки било утврдено дека И.Н. бил баран по потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово поради бегство од затворот каде што издржувал шестгодишна затворска казна за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418 Б од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.        

На 06.11.2024 во 23.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ѓ.А.(41) од Струмица веднаш по извршување кражба во тобако во Струмица, од каде што одзел чанта со пари и лични документи. Кај него била пронајдена чантата и била вратена на оштетената. По извршени проверки било утврдено дека лицето било барано по потерница за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“, по што било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Струмица за издржување на казната. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

На 06.11.2024 во 23.50 часот кај место викано Здуњска крстосница, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Л.Ј.(20) од Гостивар. Претходно, тој во неколку наврати не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, а пред влезот на Гостивар од возилото „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, фрлил автоматска пушка со рамка во која имало два куршуми, која била пронајдена и одземена. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува пријава по член 396 од Кривичниот законик.  

На 07.11.2024 во 00.15 часот на патот Прилеп – Дервен, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Г.К.(52), Г.О.Ч.(21), К.Б.(22) и К.Г.(52), сите од Република Турција, со престој во Прилеп, затоа што кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.11.2024 во 21.00 часот во населба Баир во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода З.Б.(35) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.11.2024 во 22.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода М.К.(22) од с.Бардовци, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.11.2024 во 23.50 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, ги лишиле од слобода Б.А.(37) и Т.М.(43), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени прашкаста материја и нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.11.2024 во 21.20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.П.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.11.2024 во 20.20 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.А.(23) од Гостивар затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.11.2024 во 17.00 часот во с.Волково, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.В.(42) од с.Ново Село, скопско, затоа што кај него биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја и дигитална вага. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.11.2024 во 21.40 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Ѓ.С.(31) од Штип затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.11.2024 во 11.28 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Крушево,  кај место викано „Бегова ливада“, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(59) од Прилеп излетало надвор од коловозот. Од здобиените повреди на местото починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Прилеп.

На 06.11.2024 во 19.25 часот во Полициската станица Гази Баба, С.А.(28) од Скопје пријавила дека на ул.„Финска“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 06.11.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Гази Баба, В.Т.(46) од Скопје пријавил дека во Идризово, скопско, бил каснат од куче скитник./

Фото: МИА

Остани поврзан