• петок, 17 јануари 2025

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 17 јануари 2025 (МИА) - Вчера во 13:30 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода А.Б.Ш.(31) од Ирска, со привремен престој во Охрид, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот во Охрид во кој престојува, при што биле пронајдени и одземени  марихуана, бела прашкаста материја, дробилка и повеќе други предмети со остатоци од марихуана и бела прашкаста материја. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 11:45 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода В.М.(28) од Битола. При претрес во неговиот дом во Битола, извршен со судска наредба, била  пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.

Синоќа во 20:30 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.О.Ј.(26) од Република Турција затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

Синоќа во 22:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ѓ.(20) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и семки од канабис. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Синоќа во 19:45 часот на улица „Нико Нестор“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го привеле Е.М.(22) од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Г.М.(34) од кичевското село Зајас поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 29.12.2024 околу 21.00 часот во угостителски објект во селото, пријавениот со стаклени предмети го нападнал Д.У.(47) од Кичево и му нанел тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кичево.

Синоќа во 18:15 часот во Полициската станица Центар, М.Ј.(20) од Прилеп пријавила дека во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје била касната од куче скитник.

Вчера во 15:00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, М.Б.(45) од Скопје пријавил дека на ул.„Мелничка“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

Вчера  во 17:20 часот во Полициската станица Драчево, Б.М.(23) од Скопје пријавил дека на ул.„Малешевска“ во Скопје, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник. дма/

Фото: МИА архива

Тагови

Остани поврзан