Момче се качило на цистерна-вагон, доживеало струен удар
- На пругата на територија на Кисела Вода денеска момче од Волково кое било качено на цистерна-вагон доживеало струен удар.

Скопје, 16 јануари 2025 (МИА) - На пругата на територија на Кисела Вода денеска момче од Волково кое било качено на цистерна-вагон доживеало струен удар.
Како што потврди МВР за МИА, цистерната се запалила, а повредениот со возило на Итна помош е пренесен во Ургентен центар.
Се работи за 17-годишник, а немилиот настан се случил во 14.55 часот, велат од Министерството за внатрешни работи. мч/аа/
фото: МИА архива