• петок, 17 јануари 2025

Комисијата за социјална политика, демографија и млади засега без претседател, констатирана оставка на Илире Даути 

Комисијата за социјална политика, демографија и млади засега без претседател, констатирана оставка на Илире Даути 

Скопје, 17 јануари 2025 (МИА) – Комисијата за социјална политика, демографија и млади засега нема претседател откако Собранието ја констатираше оставката на Илире Даути од функцијата, поднесена по изгласувањето на нејзината интерпелација минатиот петок, затоа што одбиваше да го стави на дневен ред законот за бранителите. Од пратеничката група на „Вреди“ оставката ја оценија како признавање на слабост и глумење жртва, но дека тоа „не може да ја спаси од каењето по обидот да помогне во блокирањето на законот за бранителите“.

Пратеничката Илире Даути од Алијанса за Албанците на Зијадин Села, која е дел од „Европскиот фронт“, по речиси еднонеделниот вакуум дали ќе остане или ќе биде сменета од функцијата и бројни меѓусебни препукувања откако во Собранието минатиот петок помина нејзината интерпелација, вчера поднесе неотповиклива оставка.

Сега пратениците ќе треба да изберат нов претседател на собраниската Комисија за труд, социјална политика и млади, место кое му припаѓа на „Европскиот фронт“, од каде по констатирањето на оставката порачаа дека за многу кратко време ќе заземат став како ќе делуваат во однос на ова прашање.

Kuvendi e konstatoi dorëheqjen e Ilire Dautit nga funksioni i kryetares së Komisionit kuvendor për politikë sociale, demografi dhe rini, pasi që sot ajo kërkoi në kuadër të mbledhjes së 30-të

Образложувајќи ја оставката, Даути посочи дека тоа е врв на срамот што се случил во Собранието и порача дека нејзиното дејствие за ставање на Законот за бранители е врз основа на членот 3 и оти нема да прифати различни услови на дејствување надвор од Деловникот.

-Зошто Апасиев и останатите пратеници од Левица во врска со Законот за бранители, не побараа точката да се стави на дневен ред? Јас ќе ја додадов точката на дневен ред, но се поставува прашањето зошто пратениците тоа не го побараа. Рокот за ставање на точката на дневен ред помина и мене не ми дозволуваше Деловникот да ја додадам таа точка. Овие 61 пратеници си играат „мејтап“ со власта. За мене услов е да се почитуваат сите националности, рече Даути.

Левица ја поздрави оставката на Даути и оценија дека ова е прва  успешна интерпелација во историјата на Собранието.

Пратеникот на Левица, Сашко Јанчев во изјава за медиумите истакна дека нивната поднесена интерпелација за досегашната претседателка на собраниската Комисија за социјална политика, демографија

- Самата интерпелација значеше дека се обезбедени гласови за нејзино разрешување од страна на пленумот, но ние намерно не покренавме веднаш постапка преку Комисијата за избори и именување за нејзино разрешување, туку витешки оставивме неколку дена сама да се повлече и да си даде оставка, што на крај се случи. Ова е прва ваква успешна интерпелација од ваков тип во историјата на Собранието на Република Македонија. Левица и понатаму останува на браникот на државните интереси, уставноста и законитоста, изјави пратеникот на Левица, Сашко Јанчев.

Пратеничката група на „Вреди“ оставката ја оцени како „признавање слабост и показател за неодговорност“.

Me dorëheqjen që e dha, Ilire Dauti e luan rolin e viktimës. Vet u shkarkua, për t'u viktimizuar pasi ky është roli i vetëm që din më së miri ta luajë. Por, kjo nuk mund ta shpëtojë nga pendi

-Претседателот на Комисијата за социјална политика, демографија и млади денеска, заедно со целиот „Европски фронт“, со прифаќањето на оставката изрази жалење што помогнале да се блокира законот за бранители иако главниот товар за оваа блокада го понесе првиот човек на Собранието Африм Гаши кој доби кривична пријава од Левица за покажаната решителност во блокирањето на овој преполовен закон предложен од опозицискиот партнер на ДУИ, распарчениот СДСМ. Решиле да ги остават „Вреди“ и Гаши сами во оваа битка, но тоа воопшто не ја расипува работата зашто, како што ја почнавме оваа битка одделно, така и ќе ја продолжиме, рече Имерлије Салиу-Фетаи од „Вреди“ на прес-конференција во Собранието.

Пратеникот на Алијанса за Албанците Елми Азири, кој е дел од „Европскиот фронт“ заедно со Даути, по констатирањето на нејзината оставката, во изјава за медиумите рече дека за многу кратко време ќе заземат став како ќе делува „Европскиот фронт“ во однос на прашањето со испразнетото место во собраниската Комисија за социјална политика.

Собранието на пленарна седница на 10 јануари со поддршка од 61 пратеник и 22 против изгласа интерпелација на претседателката на собраниската Комисија за труд, социјална политика и млади Илире Даути.  Интерпелацијата за Даути во ноември ја поднесе пратеничката група од „Левица“ поради тоа што Даути, како што беше посочено на пленарната седница, со нејзиното „несовесно, неодговорно, противуставно и противзаконско однесување“ го кочела Законот за бранители поднесен од опозициската СДСМ со тоа што не го ставила на дневен ред на Комисијата со која претседава.  аа/мд/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан