• понеделник, 16 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 1 декември 2024 (МИА) - Синоќа во 22:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Св.Климент Охридски“ во Скопје, патничко возило „Тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(19) од Скопје удрило во пешакот А.О.(27) исто така од Скопје. Во несреќата А.О. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје,, каде што е задржана на натамошно лекување. За настанот бил известен јавен обвинител, а извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Синоќа во 00:48 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека на улицата „Маршал Тито“ во Делчево, патничко возило „Фиат пунто“ со пехчевски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(19) од Делчево, а во сопственост на К.З, удрило во паркирано патничко возило „мерцедес“ со италијански национални ознаки, во сопственост на Ц.С. од Делчево и истото го оштетил. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот А.Т., констатирани во Медицинскиот центар во  Штип. Извршен бил увид од увидна екипа.

Вчера во 16:45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат  село Пршовце – село Јегуновце се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Пежо“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.М.(34) и патничко возило „Југо“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Р.(65) двајцата од  с.Раотинце, општина Јегуновце. Во несреќата и двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница во Тетово. За настанот известен е јавен обвинител, а извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Во СВР Тетово вчера во 13:15 часот било пријавено дека на булеварот „Илинденска“ во Тетово, патничко возило „Форд ка“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.З.(22) од село Озурмиште, општина Желино удрило во пешакот Б.З.(60) од село Орашје, општина Јегуновце. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Б.З., а констатирани во Клиничката болница во Тетово. За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Синоќа во 23:40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош,  полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.П.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Синоќа во 22:20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.А.(28)од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска во 00:10 часот во Скопје на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.М.(24) од село Мојанци, општина Арачиново, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска во 01:00 часот во  Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Р.(37) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 10:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, З.Љ.(34) од село .Св.Петка, општина Сопиште, пријавил дека на ул.„1“ во село .Св.Петка бил каснат од куче скитник.

Во Полициската станица Бит Пазар вчера во 16:40 часот, М.Х.(35) од Скопје пријавил дека на улицата „Максут Садик“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

Вчера во 18:10 часот во Полицикската станица Чаир, Р.Љ.(69) од Скопје пријавил дека на улицата „Александар Урдаревски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.фф/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан