МВР Билтен
- Денеска (06.10.2024) во 01.40 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода М.К.(19), И.Ц.(21) и Б.Ј.(20), сите од Штип, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Скопје, 6 октомври 2024 (МИА) - Денеска (06.10.2024) во 01.40 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода М.К.(19), И.Ц.(21) и Б.Ј.(20), сите од Штип, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (06.10.2024) во 03.15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.К.(36) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (06.10.2024) во 06.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (06.10.2024) во 01.30 часот во Скопје, во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Д.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (06.10.2024) во 01.30 часот во Скопје, во угостителски објект на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Н.М.(38) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (06.10.2024) во 03.00 часот во Скопје, во угостителски објект на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, го лишиле од слобода Д.С.(34) од Кочани, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 05.10.2024 во 23.20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Л.К.(18) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (06.10.2024) во 02.10 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од ОКР Ѓорче Петров при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.М.(18) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 05.10.2024 во 19.05 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во Скопје, на крстосница од ул.„Февруарски поход“ и сервисна улица која води кон паркинг простор се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Т.(36) од Скопје, мопед „априлија“, управуван од малолетник од Скопје и уште еден мопед „априлија“ со скопски регистарски ознаки, исто така управуван од малолетник од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата малолетници, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Денеска (06.10.2024) во 04.35 часот во ОВР Гостивар, било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-с.Србиново на мостот кај с.Беловиште, патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(45) од Р.Турција, излетало надвор од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди неговите сопатници И.Н.(22) и О.Т.(23), двајцата од Р.Турција, констатирани во Општата болница во Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.
На 05.10.2024 во 13.15 часот во СВР Велес, било пријавено дека на ул.„Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, товарно возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки управувано од А.А.(40) удрило во пешакот Р.Л.(69) и двајцата од Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.Л. констатирани во Општата болница во Велес. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.
На 05.10.2024 околу 12.00 часот во СВР Куманово, било пријавено дека на ул.„Братство и единство“ во Куманово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(62) и патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(60), двајцата од Куманово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Д. а со телесни повреди се здобил С.Р. и неговиот сопатник И.Ѓ.(44) од Куманово, констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.
На 05.10.2024 во 18.40 часот во Полициска станица Центар, К.Ј.(58) од Скопје пријавил дека на ул.„Орце Николов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 05.10.2024 во 13.00 часот во Полициска станица Гази Баба, М.Т.(77) од Скопје пријавила дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 05.10.2024 во 19.30 часот во Полициска станица Гази Баба, Н.С.(33) од Скопје пријавил дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 05.10.2024 околу 16.45 часот во Полициска станица Ѓорче Петров, Ј.М.(24) од Скопје пријавил дека на ул.„Веле Марков“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 05.10.2024 во 20.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица гo лишиле од слобода Х.Д.(33) од Струмица.
Тој на 05.10.2024 во 06.40 часот на регионален пат Струмица-Валандово, на излез од село Костурино, струмичко, управувајќи патничко возило „фиат" учествувал во сообраќајна несреќа со трактор „имт" со струмички регистарски ознаки, кој влечел нерегистрирана приколка, управуван од Р.Ш.(40) од село Костурино, по што Х.Д. го напуштил местото на настанот. Во сообраќајната несреќа на местото на настанот починал Г.Б.(51) од село Костурино, а со телесни повреди се здобил Т.Б.(54), од село Костурино, кои се превезувале на полуприколката. Увид на местото извршија јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица. Х.Д. е задржан во Полициската станица Струмица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 05.10.2024 во 11.55 часот во ОВР Крушево било пријавено дека на ул.„Никола Карев“ во Крушево се случила сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило „форд" со крушевски регистарски ознаки, управувано од В.Д.(61) од Крушево, удрило во паркирано патничко моторно возило „ауди" со крушевски регистарски ознаки.
В.Д. со возило на Итна медицинска помош Крушево била пренесена во Градска болница Прилеп, каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Крушево.
На 05.10.2024 околу 20.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Цветан Димов“ во Скопје имало повредено лице од огнено оружје, кое било пренесено во ГОБ „Св.Наум Охридски“ во Скопје за укажување помош. Утврдено е дека повреденото лице е А.Б. (19) од Скопје, кој во службен разговор со полициските службеници појаснил дека додека се движел пеш по ул. „Цветан Димов“, од возило излегол Б.Б. и пукал кон него со пиштол неколку пати. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. сст/