• понеделник, 30 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 26 септември 2024 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Битола до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против З.С.(59) од Крушево и правно лице од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата” казниво по член 279 од Кривичниот законик.

Како што денеска соопштија од МВР, првопријавената З.С., управител во второпријавеното правно лице, во периодот од 01.01.2019 до 30.06.2023 наплатените готовински средства од наплата за продажба на огревно дрво од цивилни лица не ги внесувала на жиро сметка на пријавеното правно лице како дневен или неделен промет, со што книговодствено прикажала помал износ на ДДВ, односно помал платен персонален данок на добивка и данок на добивка, кои суми влијаат врз износот на обврските при поднесување на годишни завршни сметки. На тој начин З.С. го оштетила Буџетот на РСМ  за сума од 1.362.225 денари.

Денеска (26.09.2024) во 00.50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.С.(28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 25.09.2024 во 21.15 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Т.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 25.09.2024 во 21.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.П.(34) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 25.09.2024 во 22.45 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба,  полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 25.09.2024 во 22.10 часот во Свети Николе, полициски службеници при ОВР Свети Николе го лишиле од слобода Б.М.(19) од Свети Николе, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 26.09.2024 во 00.30 часот на улица ,,Иво Лола Рибар“  во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.А.(19) од с.Горно Седларце, Е.А.(18) и Д.Г.(18), двајцата од с.Жеровјане и Х.Е.(18) од с.Теново, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе им биде поднесен соодветен поднесок.

На 25.09.2024 во 00.30 часот во Делчево, полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода Р.С.(23) од Делчево, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 25.09.2024 во СВР Битола било пријавено дека во 20.15 часот на ул.„Битолска“ во Демир Хисар, мотоцикл со демирхисарски регистарски ознаки, управуван од 15 - годишник од с.Журче, демирхисарско, удрил во пешакот П.Л.(73) од Демир Хисар. Од здобиените повреди на местото починал пешакот П.Л., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Битола. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил Д.Ј.(19) од с.Вардино, демирхисарско, сопатник на мотоциклот, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото на несеќата извршиле увидна екипа на СВР Битола и јавен обвинител.

На 25.09.2024 во 14.45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на  ул.„Јане Сандански“ во Охрид, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(33) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.

На 25.09.2024 во 15.45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на  ул.„Илинденска“ во Охрид, патничко возило „рено клио“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Л.(67) од с.Велгошти, охридско, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.

На 25.09.2024 во 18.40 часот во Полициската станица Кисела Вода, С.С.(38) од Скопје пријавила дека на бул.„Србија“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник. цр/

Фото: МИА архива

 

 

 

 

 

Остани поврзан