МВР Билтен
- На различни локации во Скопје, вчера и денеска, полициски службеници ги лишиле од слобода Ф.Џ.(47), П.Р.(32), Е.И.(39), А.И.(36) и И.Џ.(40), сите скопјани и А.А., на возраст од 50 години од Куманово, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја.

Скопје, 21 април 2025 (МИА) - На различни локации во Скопје, вчера и денеска, полициски службеници ги лишиле од слобода Ф.Џ.(47), П.Р.(32), Е.И.(39), А.И.(36) и И.Џ.(40), сите скопјани и А.А., на возраст од 50 години од Куманово, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја.
По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.
СВР - Битола поднесе кривична пријава против Н.Р., 56-годишно лице од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 31.12.2024 во Битола, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени и одземени пиротехнички средства.
СВР - Скопје поднесе кривична пријава против Б.С., 39-годишен скопјанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 10 април, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во село Арнакија, скопско, при што биле пронајдени и одземени марихуана и амфетамин.
СВР - Скопје поднесе кривична пријава против Б.Ф., 35-годишен скопјанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 10 април, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во село Кондово, скопско, при што пронашле и одзеле пиштол „застава“ калибар 7.65 милиметри и куршуми со калибар 7.65 милиметри.
Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија - Гевгелија поднесе кривична пријава против малолентик од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „криумчарење мигранти“ и „фалсификување исправа“.
На 15 април, во близина на село Мрзенци, гевгелиско, полициски службеници извршиле контрола во возило „хјундаи“, што тој го управувал, а на кое имало скопски регистарски таблички кои припаѓале на друго возило, при што биле пронајдени седум лица мигранти од Египет.
Вчера во 13:20 часот во СВР - Велес било пријавено дека на улицата „Раштански пат“ во градот се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „јамаха“ со велешки регистарски ознаки, управуван од малолетник и мопед „шинерај“ со велешки регистарски ознаки, управуван од малолетеник, двајцата велешани.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил малолетникот кој го управувал мопедот „јамаха“, констатирани во Општа болница - Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР - Велес.
Вчера во СВР - Скопје било пријавено дека околу 14:50 часот на автопатот Скопје -Куманово, во близина на клучка Хиподром, мотоцикл со штипски регистарски ознаки, управуван од Д.И., на возраст од 23 години од Штип, излетал од автопатот.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР - Скопје.
Вчера во 5:14 часот во СВР - Скопје било пријавено дека во зграда на подрачјето на општина Аеродром, настанал пожар во стан, сопственост на П.Д., на возраст од 74 години.
Од пожарот, со изгореници се здобил сопственикот и заедно со неговиот син О.Д., на 52-годишна возраст, поради вдишување чад, биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Од Бригадата за противпожарна заштита - Скопје, пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР - Скопје.
Денеска во 1:10 часот во Пробиштип, полициски службеници го лишиле од слобода Љ.М., на возраст од 36 години од градот, затоа што се обидел со остар предмет да нападне полициски службеник, кој извршувал службени дејствија и затоа што претходно во дворот од нејзината куќа, физички ја нападнал Т.А., 23-годишна сограѓанка.
Според пријавеното, околу 23:20 часот во казино во Пробиштип, Љ.М. физички бил нападнат од А.А. од овој град, брат на Т.А., по што отишол во нејзиниот двор за да го најде А.А.. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Денеска во 2:31 часот во СВР - Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, В.М.(41) и И.С.(46) и еден малолетник, сите скопјани, биле физички нападнати од М.Љ. и уште неколку други лица, кои употребиле тврди предмети.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 13:40 часот во СВР - Скопје, С.К., 59-годишен скопјанец, пријавил дека околу 13:30 часот на подрачјето на Шуто Оризари бил физички нападнат од Б.Џ., 29-годишен сограѓанин, кој употребил тврд предмет и му го оштетил неговото патничко возило „фолксваген голф“.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 10:20 часот во Полициската станица - Карпош, од Јавната установа за згрижување деца - Организациона единица - Влае било пријавено дека нивниот штитеник Р.М., на возраст од 17 години, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување, упатувал закани на вработено лице, оштетил дел од инвентарот во службените простории, по што се оддалечил од установата, од што и претходно се оддалечувал и бил враќан.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Синоќа во 22:43 часот во СВР - Скопје било пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари, неколку лица физички го нападнале С.И., 49-годишен скопјанец, пред неговиот дом.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Вчера во 19:10 часот во ОВР - Берово, Б.Р. од село Владимирово, беровско, пријавил дека во селото, по претходна расправија, бил физички нападнат од Ф.Р., кој употребил стаклен предмет.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Синоќа во 23:45 часот, полициски службеници од ОВР - Крушево го лишиле од слобода Ѓ.С., 27-годишник од Битола, со престој во крушевско село.
Тоа, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом, физички ја нападнал неговата сопруга. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Вчера околу 13 часот во ОВР - Прилеп било пријавено дека во населба „Точила“ настанал пожар во стан, сопственост на Т.Ј., каде престојувале неговите сестра Ц.С., на 51-годишна возраст и зет Д.П., на 40-годишна возраст, двајцата од Скопје.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица - Прилеп, пожарот бил изгаснат. Поради вдишување чад, Ц.С. и сосетката С.П., на возраст од 73 години од Прилеп, биле пренесени во прилепската болница за укажување лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР - Прилеп. бд/
Фото: МИА архива