• петок, 05 декември 2025

Изминатиот викенд велешките пожарникари интервенирале на два пожара, во викенд куќа и куќа

Изминатиот викенд велешките пожарникари интервенирале на два пожара, во викенд куќа и куќа

Велес,12 мај 2025 (МИА) - Изминатиот викенд Територијалната противпожарна единица од Велес интервенирала на два пожара, едниот на викенд куќа во селото Капиново, Општина Чашка и вториот на спрат од куќа во велешката населба Речани. За среќа во несреќа повредени нема, но причинета е голема матреријална штета, информираа денеска од ТППЕ Велес.

Првиот пожар бил пријавен на 10 мај во саботата претпладне, во 10:30 часот, кога пожарникарите добиле дојава за запалена викенд куќа во близина на селото Капиново, Општина Чашка. Интервенирале двајца пожарникари со едно противпожарно возило, кои кога пристигнале на лице место го затекнале објектот во развиена фаза на горење.

Пожарот бил изгаснат околу 13:00 часот, а според информациите од Секторот за внатрешни работи Велес, викенд куќата е во сопственост на 32-годишниот Д.Ј. од Скопје. Повредени лица нема, а причините за избувнување на огнот се предмет на истрага. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес, и се преземаат понатамошни мерки за расчистување на случајот.

Од ТППЕ Велес инфнормираат дека неколку часа подоцна, вчера на 11 мај, пет минути по полноќ, избувнал уште еден пожар, во населбата Речани. ТППЕ Велес повторно интервенирале овој пат со четворица пожарникари и едно возило.

По пристигнување на лице место констатирано било  дека гори спрат од куќа и пристапено е кон негово гасење. Причинета е материјална штета, појаснуваат од ТППЕ Велес.

Во СВР Велес,денеска информираат дека овој пожар во населбата Речани кај Велес, кај нив бил пријавен вчера вечерта  во 00:55 часот по полноќ,а станува збор за куќа  на 45 годишниот велешанец М.С. Оттаму денеска додаваат дека увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

Од ТППЕ Велес апелираат до граѓаните за внимателност и одговорно однесување,  а особено во периоди со високи температури и зголемен ризик од пожари.ад/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан