• петок, 08 ноември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 3 мај 2024 (МИА) - На 02.05.2024 во 21.40 часот во Кичево, полициски службеници од  Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево и Полициската станица Кичево ги лишиле од слобода Б.Д.(32) и А.Д.(25), двајцата од Кичево. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и грутчеста материја.  Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 02.05.2024 во 11.00 часот во Битола, полициски слушбеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола го лишиле лицето Г.Н.(48) од Битола. При претрс во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени прашкаста материја, ампули апаурин и ампули диазепам. Лицето било задржано во полициска станица и целосно документирање на случајот против  него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

На 02.05.2024 во 18.45 часот на улица „Светозар Пепоски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода Г.И.(50) од гостиварско Неготино. Таа била фатена при извршување кражба во продажен објект, по што се обидела да побегне, но била спречена и лишена од слобода. По целосно расчистување и документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 02.05.2024 во  22.45 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Т.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (02.05.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 100 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење сигурносен појас...

На 02.05.2024 во 11.50 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во с.Црнилиште, прилепско, патничко возило „цитроен“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.А.(48) од с.Црнилиште, удрило во електричен тротинет управуван од малолетник од с.Црнилиште, прилепско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, а неговиот малолетен сопатник се здобил со телесни повреди констатирани во Општа болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

На 02.05.2024 во 15.20 часот во Полициската станица Гази Баба, С.Г.(71) од Скопје пријавил дека на ул.„Перо Наков“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 02.05.2024 во 23.50 часот во Полициската станица Карпош, Е.Д.(46) од Скопје пријавила дека на ул.„Руѓер Бошковиќ“ во Скопје била касната од куче со сопственик.

На 02.05.2024 во 15.15 часот во СВР Битола, Х.С.(30) од Битола пријавил дека на ул.„Димче Лахчански“ во Битола бил каснат од куче скитник. вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан