• среда, 15 јануари 2025

Приведени двајца прилепчани осомничени за кражба на предмети и товарни возила

Приведени двајца прилепчани осомничени за кражба на предмети и товарни возила

Неготино, 14 јануари 2025 (МИА) - Двајца прилепчани биле лишени од слобода поради сомнение за кражба, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

-Вчера во 4:40 часот и во 6:30 часот, полициски службеници од ОВР - Неготино ги лишиле од слобода Н.А. и Б.Б., на возраст од 33 и 54 години. Тие се сомничат дека во периодот од 11 до 13 јануари, одзеле повеќе предмети од хала и товарни возила во халата, сопственост на правно и физичко лице, појаснуваат од СВР - Велес.

Дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопствениците. Н.А. и Б.Б. биле задржани во полициска станица. Известен бил јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, како што додаваат од СВР - Велес, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Од СВР - Велес информираат и дека денеска во 2:30 часот во ОВР - Кавадарци, В.Т., на возраст од 20 години од село Марена, кавадаречко, пријавил дека во селото Сопот бил физички нападнат од Б.М.. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. свд/сст/

фото МИА архива

Остани поврзан