МВР Билтен
- Скопје, 22 декември 2024
Скопје, 22 декември 2024 (МИА) - Пред угостителски објект во Градскиот парк во Скопје денеска во 01.50 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ј.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска во 02.20 часот во Скопје пред угостителски објект на подрачјето на Карпош полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.М.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 18.30 часот во Скопје на подрачјето на Центар полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Х.(46) од с.Сарај, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска во 00.50 часот во Штип полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Е.Р.(29) од Куманово, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска во 03:30 часот го привеле М.И.(39) од с.Синѓелиќ, скопско, затоа што кај него биле пронајдени и одземени два ножа. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска во 01.55 часот полициски службеници од СВР Битола во ноќен клуб во Битола го лишиле од слобода И.Т.(24) од Битола, бидејќи при преглед кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава.
Вчера во 22.30 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на ул.„Стив Наумов“ во Охрид патничко возило „бмв“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(42), удрило во пешакот М.А.(41), двајцата од Охрид, по што го напуштило местото на настанот. По преземени мерки од полициски службеници, С.Р. е пронајден и лишен од слобода. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.
Во СВР Велес вчера било пријавено дека околу 09.40 часот на улица „11-ти Октомври“ во Велес, патничко возило „фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки, управувано од П.Н.(30) од Велес, удрило во 80-годишната К.К. од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.К., констатирани во болницата во Велес. По овластување на јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.
Вчера во 02.31 часот во Полициското одделение Македонска Каменица, било пријавено дека на магистралниот пат Македонска Каменица-Кочани, патничко возило „ауди“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од О.В.(25) од Македонска Каменица, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.
Во Полициската станица Пробиштип, вчера во 14:45 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Стубол-с.Барбарево, на место викано „Црвен Чукар“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сузуки витара“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од К.Т.(23) од Пробиштип, и патничко возило „ауди“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од О.Л.(55) од с.Горно Барбарево, пробиштипско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот О.Л. и неговиот сопатник Б.П., додека со телесни повреди другиот сопатник И.Ј., како и возачот К.Т. и неговиот сопатник Н.Ј., констатирани во Здравствениот дом во Пробиштип и Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.
Вчера во 20.15 часот во ОВР Кавадарци, Љ.Р.(24) од Кавадарци, пријавила дека на улица „Божо Димов“ во Кавадарци, била касната од куче скитник.
Денеска во 00.30 часот во Полициска станица Велес Т.Л.(49) од село Раштани, велешко, пријавил дека на улица „Андон Шурков“ во Велес, бил каснат од куче скитник. аа/
Фото: МИА архива