МВР Билтен (ДПЛ)
- Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Џ.Р. од Битола - вработен во Одделение за заеднички работи во СВР Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 4 од Кривичниот законик.

Скопје, 18 февруари 2025 (МИА) - Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Џ.Р. од Битола - вработен во Одделение за заеднички работи во СВР Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 4 од Кривичниот законик.
МВР денеска соопшти дека на 05.01.2025 околу 02.30 часот во ноќен клуб во Битола, пријавениот агресивно се однесувал и се заканувал на едно лице, а при интервенцијата на лица од обезбедувањето, тој се однесувал агресивно и кон нив. Откако бил отстранет од објектот, исто така, продолжил со агресивното однесување. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителна мерка лицето да биде суспендирано од работното место до завршување на дисциплинската постапка.
На 18.02.2025 во 04:30 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода С. А(45) и С. Д.(35), двајцата од Радовиш. Тие се сомничат дека околу 03.30 часот се обиделе да извршат „тешка кражба“ во куќа во Неготино, а откако биле забележани од сопственикот со патничко возило „бмв“ со радовишки ознаки го напуштиле местото. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Н.(32) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При преглед во возило „ауди“ во кое се превезувал, пријавениот проголтал пакување со кокаин, по што полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, го лишиле од слобода и бил пренесен во Општата болница во Охрид.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.В.(37) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При преглед во патничквозило „шкода“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, се обидел да исфрли пакување со кокаин, кое било одземено, а лицето било лишено од слобода.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.К.(41), Ј.М.(31) и С.К.(28), сите од охридското село Велгошти, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При преглед во патничко возило „киа“ во кое се превезувале, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа марихуана.
Денеска (18.02.2025) во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходнo нарушени меѓусебни односи, Т.М.(43) бил физички нападнат од Љ.Ф.А.(25), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 17.02.2025 во 23.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање околу паркинг место, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Ш.(43) и Љ.Н.(59), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 17.02.2025 во 12.57 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 09.00 часот на воениот отпад на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно недоразбирање и нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу војниците Ј.Ј.(43) од с.Кондово, скопско и С.С.(41) од с.Матка, скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 17.02.2025 во 23.15 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода В.С.(38) од струмичко, со престој во Штип, постапувајќи по претходна пријава дека физички го нападнал неговиот 21 - годишен син. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 17.02.2025 во 13.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Д.У.(38) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка Е.У.(19), која има здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 17.02.2025 во 18.50 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници од лицето Б.Ф.(34) од с.Огњанци, општина Петровец, одзеле патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на рента а кар компанија од тетовско. Имено, по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека возилото било барано од Полициското одделение Петровец и е предмет на кривично дело по член 239 од Кривичниот законик. Во врска со настанот, Б.Ф. изјавил дека како овластено лице на компанијата го презел возилото од полициска станица во Република Грција за што прилошил и документација на грчки јазик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.02.2025 во 17.45 часот во СВР Куманово, Ф.Ј.(26) од Куманово пријавила дека во Соколански парк во Куманово, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
На 17.02.2025 во 19.21 часот во СВР Велес, О.А.(59) од Велес пријави дека на ул.„А. Мишев“ во Велес бил каснат од куче скитник.
СВР Штип поднесе кривична пријава против А.П.(38) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“. На 03.02.2025 во Штип, пријавениот со употреба на сила влегол во куќа во Штип, а откако бил затекнат од сопственикот, физички го нападнал него и го напуштил местото.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Д.(42) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 20.10.2024 во Скопје, пријавениот физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија, при што употребил и тврди предмети.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Б.П.(46) од с.Оризари, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 12.12.2024 во Кочани, полициски службеници извршиле претрес во продажен објект на пријавениот, при што пронашле и одзеле поголема количина на пиротехнички средства.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице од Тетово и против сопственикот и управител Ф.М.(34) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластено употреба на туѓа фирма“, додека второпријавениот поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластено употреба на туѓа фирма“. На 21.01.2025, при контрола во правниот субјект, бил затекнат второпријавениот Ф.М. и констатирано е дека се врши продажба на текстилна роба, односно трговски марки кои подлежат на заштита на трговска марка, а за кои истиот не поседувал соодветна дозвола.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод поднесе кривична пријава против Г.С.(44) од с.Грешница, општина Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на дрва“. На 30.01.2025 во атар на с.Грешница биле пронајдени бесправно исечени дрва, а по извршен службен разговор со пријавениот било констатирано дека тој е сторител на кривичното дело.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.М.(60) од с.Романовце, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. На 01.12.2024 во Куманово, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило “бмв“ управувано од пријавениот, при што било констатирано дека регистарската табличка е од друго возило.
СВР Битола поднесе кривична пријава против М.С.(27) и Д.С.(48) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „загрозување на сигурноста“. На 15.02.2025 во Прилеп, пријавените нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија. цр/
Фото: МИА архива