• сабота, 23 ноември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 7 октомври 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија вчера во 20 часот на локален пат во село Богородица, Гевгелиско, го лишиле од слобода Ј.М.(32) од Република Србија.

Во возило „сааб“ со цол таблички, кое го управувал, биле пронајдени 11 мигранти од Сирија. Лицето било задржано во Полициската станица Гевгелија, а мигрантите се спроведени во Прифатно-транзитен центар „Винојуг“ Гевгелија. По целосно документирање на случајот, против Ј.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 06.10.2024 во 16.20 часот кај место викано „Долно Шилево”, Прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.Џ.(40) од Прилеп.

Тој бил затекнат при извршување „тешка кражба“ во викенд-куќа, сопственост на В.С. од Прилеп, при што одзел повеќе предмети. Одземеното било пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

На 06.10.2024 во 05.30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги привеле И.М.(27), И.Т.(20) и Н.Т.(22), сите од Кочани, затоа што околу 03.40 часот пред угостителски објект во Штип заедно со С.М.(34) од Штип го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка со А.С., М.П. и Д.Р., при што биле употребени тврди и остри предмети.

С.М. бил повикан на службен разговор во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.10.2024 во 08.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект на подрачјето на Кисела Вода, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.А.(44) и Ш.Б.(54) од една страна и Б.Б.(60) од друга страна, сите од Скопје, а бил употребен и тврд предмет.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (07.10.2024) во 03.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром во Скопје настанал пожар во патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.Д.(38) од Скопје.

Од пожарот биле зафатени и патничко возило „цитроен“, сопственост на К.М.(33), патничко возило „мерцедес“, сопственост на Г.М.(47) и патничко возило „опел астра“, сопственост на И.И.(63), сите од Скопје.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 06.10.2024 во 21.13 часот во СВР Скопје, Б.Ј. од Скопје пријавил дека едно лице од огнено оружје пукало во неговото патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, паркирано пред неговата куќа на подрачјето на населба „11 Октомври“ во Скопје.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кисела Вода и биле пронајдени четири чаури. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.10.2024 во 16 часот во СВР Скопје, С.А.(63) од Скопје пријавила дека околу 14.55 часот на подрачјето на Бит-пазар едно лице со употреба на физичка сила ѝ одзело ланче.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.10.2024 во 10.20 часот во Скопје, на подрачјето на Бит-пазар, полициски службеници од Полициската станица Бит-пазар го привеле Ј.М.(24) од с.Студеничани, Скопско, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.10.2024 во 08.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле М.Л.(37) од Скопје затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.10.2024 во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, Е.Д.(37) од Делчево бил физички нападнат од А.П.(30) од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.10.2024 во 22.00 часот во СВР Штип, 30-годишна жена од Штипско пријавила дека на 05.10.2024 пред влезот во Штип, едно лице со закана се обидело да изврши обљуба врз неа.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во СВР Скопје, 44-годишна жена од Скопје пријавила дека на 04.10.2024 околу 18.45 часот на подрачјето на Карпош, во објект каде работела и каде имало уште едно женско лице, влегло едно машко лице и се самозадоволувало.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 06.10.2024 во 14.00 часот во СВР Тетово, од болницата во Дебар било пријавено дека кај нив бил донесен починат Ј.А.(67) од с.Скудриње, општина Маврово и Ростуше.

Според пријавеното, тој паднал од дрво и починал додека со неговата невенчана сопруга Џ.Б.(53) од Република Албанија собирале костени. Откако бил однесен во болницата, Џ.Б. ја напуштила болницата и во 17.10 часот била лишена од слобода на граничниот премин Џепиште во обид да ја напушти државата. Таа била задржана во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.

На 06.10.2024 во 11.00 часот во СВР Скопје, Б.А.(21) од с.Бардовци, Скопско, пријавил дека околу 04.00 часот на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од М.П. и Ш.Н, двајцата од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.10.2024 во 22.10 часот во СВР Битола, Д.В.(72) од Битола пријавил дека на ул.„Смилевски конгрес” во Битола бил каснат од куче скитник.

На 06.10.2024 во 08.12 часот во СВР Штип, Б.К.(55) од Штип пријавила дека на место викано „Суитлак“ во Штип пронашла делови од човечко тело, изгризани најверојатно од диви животни, а за кои, според облеката на нив, претпоставува дека се на нејзината мајка Д.Р.(74) од Штип, која на 19.07.2024 била пријавена дека се оддалечила од домот.

Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител деловите од телото биле дадени на семејството.

На 06.10.2024 во 18.48 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на општина Гази Баба, полициски службеник пронашол две минофрлачки гранати калибар 120 мм.

Во врска со настанот бил извршен службен разговор со сопственичката која појаснила дека и биле дадени празни како сувенир од поранешниот сопственик на објектот. Гранатите биле подигнати за понатамошна постапка.хс/

Фото: МИА архива

Остани поврзан