• понеделник, 16 декември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 7 декември 2024 (МИА) - А.А.(44) од Скопје денеска во 10.30 часот во СВР Скопје  пријавил дека на 5.12.2024 околу 18 часот, на подрачјето на Центар, по претходно меѓусебно нетрпение, бил физички нападнат од Б.Б.(61) од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.12.2024 во 20.16 часот во СВР Скопје 57-годишен маж пријавил дека на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат од неговиот син А.П.(33) од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.12.2024 во 21.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.Ј.(46) и З.К.(41), двајцата од Скопје, кои биле вработени во објектот.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.12.2024 во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.С.(55) и С.П.(46), двајцата од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.12.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Кисела Вода М.А.(76) од Скопје пријавила дека се вратил нејзиниот сопруг Љ.А.(77), кој на 05.12.2024 беше пријавен дека се оддалечил од домот.  

На 06.12.2024 во 12.30 часот во СВР Скопје Н.Б.(34) од Скопје пријавил дека околу 12.00 часот на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од едно лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 06.12.2024 во 19.40 часот во СВР Скопје 42-годишна жена пријавила дека околу 17.30 часот во трговски центар на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од поранешниот партнер Ѓ.С.(37) од с.Стајковци, Скопско.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.12.2024 во 16.30 часот во СВР Скопје С.Н.(20) од с.Јурумлери, Скопско, пријавила дека околу 13.45 часот во населба Нова Колонија нејзината сосетка И.Ѓ. и се заканувала со остар предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 На 06.12.2024 во 23.00 часот во СВР Скопје, 52-годишна жена пријавила дека додека била на работното место и се јавил нејзиниот малолетен син и и рекол дека околу 19.00 часот во семејниот дом во Скопско, бил физички нападнат од неговиот татко Љ.И.(48), кој му упатувал и закани.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.12.2024 во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во периодот од 30.11.2024 до 06.12.2024 непознат сторител со употреба на физичка сила и погоден алат влегол во планинарскиот дом „Караџица“ во с.Црвена Вода, Скопско, и предизвикал пожар.

Известен бил јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.12.2024 околу 11.15 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром настанал пожар во кујна од стан, сопственост на Б.Б.(39) од Скопје.

Од Бригадата за противпожарна единица Скопје пожарот е изгаснат и повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 06.12.2024 околу 16.45 часот во СВР Скопје, од Поликлиника Чаир било пријавено дека кај нив без знаци на живот, било донесено десетмесечно бебе.

Лекар констатирал смрт, без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатото бебе било дадено за обдукција.

На 06.12.2024 во 22.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Полициската станица Карпош го привеле А.Г.(47) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници, кои вршеле службени дејствија.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.12.2024 во 19.09 часот, во Полициската станица Кочани било пријавено дека во Кочани, по претходна вербална расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.М.(25) и М.М.(29) од една страна и Л.А.(32) од друга страна, сите од Кочани.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против М.А.(21) од Штип и К.Ѓ.(21) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 03.12.2024, полициски службеници извршиле претрес во куќата на таткото на второпријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана, додека при претрес во стан во Радовиш биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.М.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „спречување на докажување“.

На 02.12.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени кокаин и два мобилни телефона.

На 07.12.2024 во 01.55 часот во ОВР Крушево било пријавено дека во угостителски објект во Крушево настанала физичка пресметка помеѓу С.З.(52) и К.Т.(28), двајцата од Крушево, при што С.З. со остар предмет му нанел повреди на К.Т.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 06.12.2024 во ОВР Кичево, С.Ѓ.(18) и Д.Ј.(61), двајцата од Кичево, пријавиле дека на улиците „Влашки пат“ и „Борис Кидрич“ во Кичево биле каснати од куче скитник.

На 07.12.2024 во времето од 00.10 до 01.10 часот полициски службеници од СВР Струмица извршиле контрола на угостителски објекти на подрачје на Струмица. Притоа, во два угостителски објекти било констатирано присуство на малолетни лица после полноќ.

Исто така, при контролата било констатирано дека во еден од објектите било точено алкохол на малолетни лица. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави. хс/

Фото: МИА архива 

 

 

 

 

 

Остани поврзан