• вторник, 24 декември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 13 јули 2024 (МИА) - Вчера во периодот од 15 до 20 часот на подрачјето на СВР - Тетово, спроведена е акциска контрола за санкционирање возачи кои вршат непрописно престигнување.

При контролата биле санкционирани 30 прекршоци за непрописно престигнување (ТЕ-16 и ГВ-14). При контролата, исто така, биле констатирани и 8 (ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци. На возачите прекршители изготвени им се предвидените поднесоци.

Синоќа во 19.40 часот, полициски службеници од СВР - Тетово ја лишиле од слобода А.И., на возраст од 42 години од тетовско Непроштено.

Таа била затекната при кражба на златен предмет во златара во Тетово. А.И. е задржана во полициска станица за понатамошна постапка. Против неа ќе следува соодветен поднесок.

Синоќа во 19.10  часот, на улицата „15 корпус“ во Струга, од слобода е лишен М.П., 48-годишен скопјанец.

При извршен преглед, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР - Струга, кај него пронајдоа и одзедоа бела грутчеста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Синоќа во 19.50 часот на автопатот А1 - Демир Капија - Неготино, по наплатна станица „Демир Капија“, покрај десната коловозна лента, полициски службеници од ОВР - Неготино ја пронашле С.М., на возраст од 49 години од Република Србија, која била со повреди на телото.

Извршен е разговор со нејзиниот сопруг Б.М., на возраст од 52 години од Република Србија, кој кажал дека враќајќи се со С.М. и нивните малолетни син и внука од одмор од Република Грција, С.М., која имала здравствени проблеми физички го нападнала, по што настанала физичка пресметка и тој го запрел возилото, ја оставил С.М. покрај патот и заминал со децата кон граничен премин „Табановце“. Од страна на Итна медицинска помош - Неготино, на С.М. ѝ била укажана лекарска помош, по што е пренесена во здравствена установа „Негорци“. За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување.

Денеска во 3.30 часот во СВР - Скопје било пријавено дека на улицата „Народни херои“, Ѓ.М., 30-годишен скопјанец, додека управувал мотоцикл „хонда“, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР - Скопје.

Синоќа во 20.15 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници го лишиле од слобода Н.П., 34-годишен скопјанец, поради тоа што физички нападнал полициски службеник, кој извршувал службени дејствија.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Синоќа во 23.30 часот во полициската станица - Ѓорче Петров, И.А., на возраст од 36 години од Скопје, пријавил дека од домот се оддалечила неговата малолетна ќерка, 13-годишната Е.Д., која и претходно се оддалечувала и била враќана назад.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Синоќа во 20.45 часот во СВР - Скопје, 31-годишна жена пријавила дека околу 13 часот во угостителски објект на подрачјето на Карпош, каде работела, дошол нејзиниот поранешен партнер - В.М., на возраст од 32 години и ѝ одзел пари, по што пред објектот физички ја нападнал, а употребил и остар предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Рано изутринава во три часот во СВР - Скопје, било пријавено дека претходно, околу 23.30 часот на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија, А.Р., на возраст од 24 години, бил физички нападнат од Л.Ш. и С.Л., сите од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска во 1.20 часот во СВР - Скопје, 35-годишната С.Ф. пријавила дека на подрачјето на Шуто Оризари била физички нападната од Ј.Д. и В.Д., сите од Скопје.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 14.25 часот, полициски службеници го лишиле од слобода И.И., на возраст од 58 години од Скопје, поради тоа што во полициската станица Кисела Вода, агресивно се однесувал кон полициски службеници.

Исто така, полициски службеници ја привеле и А.И., 57-годишна скопјанка, поради тоа што агресивно се однесувала кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 15.50 часот во СВР - Скопје, од Јавна установа - Меѓуопштински центар за социјална работа - Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бутел, во повеќе наврати З.Т.,39-годишен скопјанец, ѝ упатувал закани и психички ја малтретирал неговата малолетна ќерка.

На 9 јули околу 22 часот, физички ја нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска во 2.15 часот, полициски службеници од полициската станица Виница ги лишиле од слобода К.М.(65) и Д.М.(45), по претходна пријава дека околу 1.40 часот во парк во градот, заедно со уште две малолетни лица, физички ја нападнале С.И., на возраст од 34 години, сите од Виница.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Синоќа во 21.30 часот во СВР - Штип, Ф.С., на возраст од 19 години од овој град, пријавил дека околу 20.15 часот во градот, додека бил во неговото возило, едно лице со закана со остар предмет му одзело пари.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. бд/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан