• четврток, 26 декември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 12 октомври 2024 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Стар Дојран денеска околу 01:00 часот, го лишиле од слобода А.С.(36) од Радовиш поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418 – б од Кривичниот законик. Имено, претходно, по преземени мерки и добиени оперативни сознанија, на крстосница Богданци полициски службеници извршиле контрола во патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал А.С., при што бил пронајден ранец и траги од превоз на други лица. Набргу, по преземени мерки, помеѓу селата Стојаково и Богородица биле пронајдени осум лица мигранти од Непал, кои изјавиле дека биле превезувани во возилото и дека заборавиле ранец. Лицето било задржано во полициска станица, за настанот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.С.(47) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 21.06.2024 во Куманово, полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории на пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин и дигитална вага.

На подрачјето на општина Аеродром, во Скопје, вчера во 14:00 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Д.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 13.55 часот во Скопје, во Градски парк на подрачје на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Б.(49) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени марихуана и дробилка. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, вчера во 12:25 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Л.(29) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 22.50 часот во Скопје, на подрачје на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода У.М.(40) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска во 00.40 часот во Скопје, на подрачје на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 23.35 часот во Скопје, на подрачје на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Ј.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

СВР Велес поднесе кривична пријава против Л.Л. и М.А., двајцата од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурзори“. На 04.09.2024 на патарината Сопот, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило во кое биле пријавените, при што бил пронајден и одземен хероин.

Завчера во атар на с.Двориште, беровско, Т.Т.(38), извршувајќи земјоделски работи на сопствениот имот, пронашол неексплодирана рачна бомба, која ја земал со себе и ја оставил во неговото патничко возило „фолксваген голф“. На 11.10.2024, полициски службеници од ОВР Берово излегле на местото и ја пронашле рачната бомба во возилото. За настанот бил известен јавен обвинител и Дирекцијата за штита и спасување кои ја подигнале за понатамошна постапка.

Денеска во 02.42 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ во Скопје било опожарено патничко возило „опел мерива“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.Н. од Скопје. Од пожарот биле зафатени и две други возила, „опел “ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.Р. од Скопје и возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од Скопје.Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за против пожарна Скопје, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

Пред угостителски објект на подрачјето на Центар, денеска во 00:30 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле А.Н.(34) и Ф..Б.(27), двајцата од Скопје, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир и агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Вчера во 12.40 часот во ОВР Струга, О.Б.(21) од с.Мороишта, струшко, пријавил дека околу 10.00 часот во с.Калишта, струшко, поради недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од две лица. Се работи на расчистување на случајот.

Во ОВР Струга, вчера во 14:50 часот Д.Ј.(21) од Струга пријавил дека околу 12.30  часот на кружниот тек наспрати Мороишки мост бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

Вчера во 21.00 часот во ОВР Струга, Е.С.(36) од Скопје пријавила дека околу 20.00 часот во населба Езерски лозја била физички нападната од С.П. од Вевчани. Се работи на расчистување на случајот.

Во СВР Скопје, вчера во 23:40 часот А.Г.(46) од Скопје пријавил дека околу 23.15 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, тој и А.М.(33) од Скопје биле физички нападнати од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 21.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека подрачјето на Центар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Ј.(24) од Скопје и П.Н.(22) од Кочани, од една страна и А.С.(20) од Скопје, од друга страна. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Во СВР Скопје вчера околу 11:00 часот било пријавено дека во својот дом на подрачјето на Центар било пронајден починат Б.Ц.(75) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Вчера во 12.34 часот во СВР Скопје, 29 – годишна жена од Скопје пријавила дека од јули 2024 до пријавувањето, нејзиното поранешно момче Б.Д. често ја следело, вознемирувало, ѝ се јавувало телефонски и ѝ упатувало закани и во неколку наврати наврати физички ја нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.    

Денеска во 00.30 часот во Полициската станица Велес, С.А.(41) од Велес пријавила дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес била касната од куче скитник.  

Вчера во 21.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, С.З.(25) од Скопје пријавила дека на место викано „Сончев град“ во Сопиште била касната од куче скитник.

Во Полициската станица Карпош, вчера во 15:00 часот А.М.(21) од Скопје пријавил дека на ул.„Кленоец“ во Скопје бил каснат од куче скитник. аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан