• вторник, 11 март 2025

МВР-билтен

МВР-билтен

Скопје, 11 март 2025 (МИА) - На 10.03.2025 во 15.30 часот на експресен пат Штип– Кочани, кај село Крупиште, општина Карбинци, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип го лишиле од слобода А.М.(26) од Скопје, со живеалиште во Кочани. При контрола во патниот сообраќај со уред за мерење брзина – радар надвор од населено место, било измерено дека тој управува патничко возило „фолксваген пасат“ со кочански регистарски ознаки со брзина од 151 километри на час на место каде што брзината е ограничена на 80 километри на час. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 - а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. 

На 10.03.2025 во 09.00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар,  полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(29) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 10.03.2025 во 13.15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Х.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 10.03.2025 во 18.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар,  полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода Ј.В.(42) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 10.03.2025 во  22.15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Т.А.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 10.03.2025 во 15.30 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ч.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 10.03.2025 во 20.00 часот на ул.„Никола Тесла“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода А.К.(34) од Битола, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок. 

Денеска (11.03.2025) во 00.35 часот на Граничниот премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода А.Г.(39) од Република Турција затоа што при извршена контрола било констатирано дека приложил фалсификувани зелени карти за товарно возило „форд“ и полуприколка со турски национални ознаки, кое го управувал. Тој бил предаден на полициски службеници во ОВР Крива Паланка за понатамошна постапка. 

На 10.03.2025 во 11.55 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Прилеп, кај надвозникот за с.Кукуречани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „дачиа" со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.И.(37) од Битола и товарно возило „ивеко" со битолски регистарски ознаки,  управувано од Б.К.(29) од с.Обршани, општина Кривогаштани. Од здобиените повреди, на местото на несреќата починале возачот на патничкото возило Е.И. и сопатникот К.С.Д.(42) од Велика Британија, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Битола. Додека, сопатникот во патничкото возило С.К. од Индија се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид, во присуство на јавен обвинител, извршила увидна екипа на СВР Битола. 

На 10.03.2025 во 12.45 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Ружа Делчева“ во Битола, патничко возило „опел” со битолски регистарски ознаки, управувано од С.К.(22) од Битола, удрило во пешакот М.Д.(66) од Битола. Во несреќата, М.Д. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

На 10.03.2025 во 12.10 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„8 Септември“ во Битола, Д.И.(71) од Битола, управувајќи мопед „томос” со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Притоа, Д.И. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

На 10.03.2025 во 19.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека во с.Велгошти, Охридско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Ш.(24) од с.Велгошти и мопед „лонгиа“ со охридски регистарски ознаки, управуван од малолетник од село Лешани, општина Дебрца. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од мопедот, а со телесни повреди се здобиле малолетникот кој го управувал мопедот и возачот Д.Ш., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид и Општата болница - Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

На 10.03.2025 во 22.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Кичево - Охрид, помеѓу с.Ботун и с.Климештани, општина Дебрца, патничко возило „фиат пунто“ со охридски регистарски ознаки“, управувано од  Е.С.(30) од с.Коњско, Охридско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.С., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

На 10.03.2025 околу 18.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Козле“ со ул.„Нерешка“ во Скопје, патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.А.(25) од Скопје, удрило во малолетничка-пешак. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

На 10.03.2025 во 10.45 часот во Полициската станица Карпош, С.Н.(40) од Скопје пријавила дека на ул.„Драгиша Мишовиќ“ во Скопје, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник. 

На 10.03.2025 во 12.30 часот во Полициската станица Карпош, Б.П.(72) од Скопје пријавил дека на кеј на река Вардар во Скопје бил каснат од куче скитник. 

На 10.03.2025 во 12.40 часот во Полициската станица Центар, Н.Д.(43) од Скопје пријавил дека на ул.„Иљо Војвода“ во Скопје бил каснат од куче скитник. мд/

Фото: МИА архива 

 

 

 

 

 

 

 

Остани поврзан