Мбапе барал од шефовите на ПСЖ да го пуштат во Ливерпул, тврдат во Франција
- Килијан Мбапе бил блиску до преселба во Ливерпул, па дури и побарал од шефовите на ПСЖ да го пуштат на „Енфилд“, информира француското издание „Екип“.
Париз, 11 септември 2024 (МИА) - Килијан Мбапе бил блиску до преселба во Ливерпул, па дури и побарал од шефовите на ПСЖ да го пуштат на „Енфилд“, информира француското издание „Екип“.
Тоа било летото 2022 година кога со месеци имаше шпекулации дека капитенот на Франција ќе се пресели во Реал Мадрид, но на крајот тој изненадувачки реши да го продолжи договорот со парижаните на две години плус дополнителна сезона со опција за играчот.
Нему му биле дадени сериозни и цврсти гаранции дека изборот на тимот тоа лето ќе биде амбициозен, а имињата на Бернардо Силва и Роберт Левандовски се споменувале како клучни трансфер цели, што на крајот не се оствари. Во август Мбапе веќе бил многу разочаран од тоа што се случува, а на „Паркот на принцовите“ од Ливерпул пристигнала воодушевувачка понуда вредна 200 милиони евра.
Токму во овој момент капитенот на Франција посакал да биде пуштен кај „црвените“, а „Екип“ додава дека дури и ги договорил личните услови со „црвените“.
Важна точка што треба да се напомене е дека тој имал клаузула во неговиот иден договор со Ливерпул што ќе му овозможи да се пресели во Реал Мадрид потоа без многу потешкотии и со фиксни термини, кои сепак не се разјаснети.
ПСЖ категорично одбиле да го пуштат Мбапе и по краткиот бојкот во првото коло против Клермон, кога тој официјално беше прогласен за повреден, напаѓачот на крајот се врати и постигна 29 гола во Лига 1 и вкупно 41 гол на 43 натпревари на сите турнири во текот на таа кампања. дс
Фото: Архива