Навивачите на Барселона побараа оставка од претседателот Лапорта
- Организацијата на навивачите на Барселона побара оставка од претседателот на клубот Жоан Лапорта поради проблемите со регистрацијата на играчот од средниот ред Дани Олмо и напаѓачот Пау Виктор.
Барселона, 2 јануари 2025 (МИА) - Организацијата на навивачите на Барселона побара оставка од претседателот на клубот Жоан Лапорта поради проблемите со регистрацијата на играчот од средниот ред Дани Олмо и напаѓачот Пау Виктор.
-Она што го доживеавме во последните часови од 2024 година покажува дека маѓепсаниот круг во кој се најде управата на клубот е целосно прекинат. Побргу отколку што може да се замисли, непрофесионалното и хаотично управување почнува да влијае на спортските резултати на репрезентативниот тим, кој може да изгуби двајца играчи. Поради оваа причина, бараме оставка од претседателот и одборот на директори и ги повикуваме навивачите на Барса да се засилат, да ја променат ситуацијата и да биде слушнат нивниот глас, се вели во официјалното соопштение објавено на социјалната мрежа „Х“.
Претходно се дозна дека Каталонците не успеале да ги регистрираат Олмо и Виктор. Според договорот, двајцата Шпанци можат да станат слободни агенти во јануари. дс
Фото: Архива