• сабота, 23 ноември 2024

Мања: Го зголемуваме бројот на амнестирани осуденици

Мања: Го зголемуваме бројот на амнестирани осуденици

Тирана, 30 ноември 2023 (МИА) - Министерот за правда Улси Мања попладнево информираше дека на премиерот Еди Рама му го доставил финалниот текст од Предлог-законот за амнестија.

Во објавата наведува дека бројот на оние кои ќе бидат опфатени ќе биде за стотина поголем од претходно најавеното.

- Земајќи ги во предвид препораките од Специјалното обвинителство и специјалниот суд против организиран криминал и корупција и државното јавно обвинителство, за поцелосна амнестија, со истата ќе бидат опфатени 620 осуденици, наведува Мања.

Како што е најавено се запира кривичното гонење за најголем дел од кривичните прекршоци за кои е предвидена казна затвор до две години.

Од амнестијата се исклучени лицата кои издржуваат казни за семејно насилство, организиран криминал, трговија со голема количества дрога, злоупотреба на службената положба и корупција. вт/сд/


Фото: Мања Фб

 

 

 

Остани поврзан