• вторник, 23 јули 2024

Мареј по елиминацијата од Вимблдон: Работев многу напорно, но не играв како што очекував

Мареј по елиминацијата од Вимблдон: Работев многу напорно, но не играв како што очекував
Лондон, 3 јули 2021 (МИА) - Поранешниот прв рекет на светот Енди Мареј ги сумираше резултатите од своите настапи на Вимблдон 2021. Во третото коло Британецот загуби од Денис Шаповалов со 4:6, 2:6, 2:6. - Многу сум разочаран затоа што работев напорно за да дојдам до оваа фаза. И многу е тешко да се изгуби така. Не сакам да ја омаловажувам победата на Денис, тој играше многу, многу добро. Но, сакам да настапам многу подобро отколку што се прикажав, иако имаше одлични моменти на натпреварот. Добро е што турнирот го завршив без повреда. Некој дел од мене смета дека во последните три месеци работев многу на физика, но на крајот не играв како што сакав и очекував. И се поставува прашањето: дали вреди? – се запрашува Мареј. Тој во 2019 година имаше операција на колкот и оттогаш се обидува да се врати на старите победнички патеки. зс/

Остани поврзан