• петок, 05 декември 2025

Гарабаја: Мислам дека го одбрав вистинското место

Гарабаја: Мислам дека го одбрав вистинското место

Битола, 25.јули 2025 (МИА) - По вчерашниот прв собир на македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер, новиот тренер Рубен Гарабаја со позитивни впечатоци. 

-   Како играч имам големо искуство, но како тренер работам три години има уште многу да учам. Мислам дека го одбрав вистинското место, бидејќи и Еурофарм Пелистер како клуб расте. Овој клуб има голем потенцијал и моја цел е да го искористам тој потенцијал на секој ракометар во услуга на тимот. Сакам секој навивач да биде горд на нашата игра и резултати. Македонското првенство е силно и квалитетно натпреварување, но наша цел е да победиме на секој натпревар и да ги освоиме сите домашни титули. Во Лигата на шампионите мое мото е да одиме натпревар по натпревар, истакна новиот тренер на битолчани, изјави новиот тренер на РК Еурофарм Пелистер.

Првакот првата фаза од подготовките ќе ја реализира во Битола, а потоа ќе замине на висински подготовки на Златибор и во завршниот дел следуваат контролните натпревари на турнирите во Струга (19-23.август) и во Скопје (28-31.август). Еурофарм Пелистер првиот натпревар во новата сезона ќе го игра на 3.септември против Вардар во рамки на Супер купот на Македонија.   мн

Фото: Фејсбук РК Еурофарм Пелистер

Остани поврзан