• вторник, 11 ноември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Нејмар се враќа во Европа

Нејмар се враќа во Европа

Сао Паоло, 25.јули 2025 (МИА) - Со трансферот во Сантос, многумина помислија дека дојде крај на кариерата на Нејмар. Но, 33-годошниот Бразилец се подготвува за враќање во европскиот фудбал. 

Според француските медиуми Нејмар сериозно размислува за враќање во Европа и тоа повторно во францускиот фудбал (претходно играше за ПСЖ) во редовите на големиот ривал на неговиот претходен клуб - Олимпик Марсеј. 

Францускиот клуб подготвува понуда за Нејмар, кому договорот му истекува на крајот од годината и сметаат дека ќе го привлечат Нејмар да го носи нивниот дрес. 

Нејмар во ПСЖ настапуваше во периодот од 2017 до 2023 година. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан