Манчестер сити прв финалист во ФА Купот
- Манчестер сити го совлада Челзи во полуфиналето на ФА Купот. Средбата одиграна вечерва на стадионот „Вембли“ во Лондон заврши со победа на „Граѓаните“ со 1:0.
![Манчестер сити прв финалист во ФА Купот](https://mia.mk/index.php/images/20240420202517_big_730x400_12.webp )
Манчестер, 20 април 2024 (МИА) - Манчестер сити го совлада Челзи во полуфиналето на ФА Купот. Средбата одиграна вечерва на стадионот „Вембли“ во Лондон заврши со победа на „Граѓаните“ со 1:0.
Стрелец на победничкиот гол беше Бернардо Силва, кој погоди во 84. минута од натпреварот.
Манчестер Сити во финалето на ФА Купот ќе се соочи со победникот од дуелот Ковентри – Манчестер јунајтед. Натпреварот ќе се одигра в утре од 16:30 часот.
Манчестер сити е бранител на трофејот. зс/
Фото: ЕПА