Терзиќ: Тешко е од неквалитетна српска лига да играте во Лигата на шампиони
- Генералниот директор на Црвена ѕвезда, Звездан Терзиќ изјави денеска дека лошиот квалитет на српското првенство, во кое црвено-белите се многу доминантни, му создава проблем на неговиот клуб во натпреварите од Лигата на шампиони.

Белград, 23 декември 2024 (МИА) – Генералниот директор на Црвена ѕвезда, Звездан Терзиќ изјави денеска дека лошиот квалитет на српското првенство, во кое црвено-белите се многу доминантни, му создава проблем на неговиот клуб во натпреварите од Лигата на шампиони.
„Голем проблем е оваа лига, каде што сме многу доминантни и која е многу бавна за она што ни треба. Не е лесно од многу неквалитетно и неинтересно натпреварување да се преселиме во Лигата на шампиони“, изјави Терзиќ.
Тој додаде дека доминантниот настап на Црвена ѕвезда во српската Суперлига не е добар ниту за неговиот клуб, ниту за српскиот фудбал.
„Се надевам дека ќе имаме посилни ривали. Мислам дека сме најдоминантниот клуб во сите 55 лиги во Европа. Црвена ѕвезда е најдоминантна во својата лига и тоа е сигурно не е добро ниту за српскиот фудбал, ниту за Црвена ѕвезда“, рече Терзиќ.
Црвена ѕвезда убедливо води во српското првенство со 19 победи и едно реми по 20 кола и има предност од 17 бодови пред второпласираниот Партизан. ег
ФОТО: Фејсбук