• сабота, 23 ноември 2024

Макрон му порача на Иран дека циклусот на насилство мора да престане

Макрон му порача на Иран дека циклусот на насилство мора да престане

Париз, 7 август 2024 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон денеска му порача на својот ирански колега Масуд Пезешкијан да направи се што е во негова моќ за да избегне ескалација на тензиите на Блискиот Исток.

„Тој додаде дека циклусот на насилство мора да престане“, се вели во соопштението на Елисејската палата. Двајцата лидери разговарале телефонски.

Макрон рече дека Иран треба да ги повика „дестабилизирачките земји што ги поддржува“ да покажат воздржаност за да избегнат конфликт.

Тензиите во регионот се зголемија по атентатот на лидерот на Хамас Исмаил Ханије во Техеран минатата недела и по израелскиот напад врз Бејрут во кој загина командантот на Хезболах, Фуад Шукр. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан