• четврток, 07 ноември 2024

Македонските ракометари ги стартуваат подготовките за мундијалскиот бараж со Чешка

Македонските ракометари ги стартуваат подготовките за мундијалскиот бараж со Чешка
Скопје, 9 април 2022 (МИА) - Македонската машка сениорска ракометна репрезентација вечерва во Скопје ќе ги почне подготовките за двомечот против Чешка во рамки на финалниот бараж за пласман на Светското првенство 2023. Селекторот и капитен Кирил Лазаров за двата дуели повика 23 ракометари во тимот, кој ќе се комплетира утре со доаѓањето на дел од играчите, кои настапуваат во странство. Македонската репрезентација првиот натпревар го игра на гостински терен, в среда од 19:15 часот во Злин, додека реваншот е во Скопје на 17 април со почеток од 19 часот. Пласман во мундијалскиот бараж „црвено – жолтите“ изборија, откако во првото коло ја елиминираа Романија. ег/фф/

Остани поврзан