• четврток, 07 ноември 2024

Македонските кикбокс-клубови освоија 68 медали на „Трофеј Белград“

Македонските кикбокс-клубови освоија 68 медали на „Трофеј Белград“
Белград, 9 мај 2022 (МИА) - Македонските кикбокс-клубови освоија вкупно 68 медали на Интернационалниот куп „Трофеј Белград“, информираат од Македонската кикбокс маитаи федерација. За најуспешен клуб е прогласен Шампион од Скопје, додека Македонската кикбокс маитаи федерација прими пехар за најтрофејна земја на првенството. Викторија Варадинова е прогласена за најдобар борец на татами на „Трофеј Белград“, бидејќи освои две злата во киклајт во категорите до 60 и до 65 килограми. Претседателот на федерацијата, Дејан Митровски – Урко, доби плакета за посебен придонес и промоција во кикбоксот. ар/са/

Остани поврзан