• среда, 27 ноември 2024

Македонската фудбалска репрезентација ја пречекува Бугарија

Македонската фудбалска репрезентација ја пречекува Бугарија
Скопје, 26 септември 2022 (МИА) – Во последното коло во Ц-сегментот од Лигата на нации, македонската фудбалска репрезентација вечер во Скопје на Националната арена „Тодор Проески“ е домаќин на Бугарија. Селекторот Благоја Милевски е оптимист дека со победа може да се заврши овој циклус на второто место во од Групата-4. - Очекувам како и на секој натпревар да се потрудиме да победиме. Што ќе донесе играта ќе видиме. Момците се спремни да покажат дека незаслужено загубивме во Тбилиси. Што се однесува до Бугарија, ја анализиравме, но со многу проблеми. Тие имаат нов селектор и многу нови играчи, а тоа е непознаница. Сепак, ние мора да се концентрираме на нашата игра. Само тројца од првиот меч се тука, а особено и младите играчи кои првпат се во составот, поседуваат квалитет, јас гледам на тоа како противникот функционира како тим. Имаме стратегија, тоа е создавање на тим кој ќе биде конкурентен во наредните 4-5 години. Здравствениот билтен ќе биде појасен по денешниот тренинг кој претстои. Што се однесува до теренот, тој не е во многу добра состојба. На мое барање стадионот триесет дена не се користеше, изјави Милевски. Натпреварот почнува во 20:45 часот. зс/

Остани поврзан